Ако сакате да ги воодушевите гостите со нешто навистина специјално, а сепак економично, овој рецепт е полн погодок.
Сочно свинско филе обвиткано во лиснато тесто, подготвено по техника што ја користат и во реномирани ресторани, во комбинација со домашен, хранлив и балансиран прилог од зеленчук, создава ручек кој изгледа луксузно, а се подготвува со достапни состојки.
Ова е еден од оние рецепти што секогаш остава впечаток, без комплицирани чекори и без непотребни трошоци – идеален избор за семејни собири, гости или свечен викенд-ручек, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🟨 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
🔸 За свинското филе во лиснато тесто
• 900 г свинско филе
• 1 лажичка сол
• ½ лажичка црн пипер
• 1 лажичка сува мајчина душица
• 1 лажичка сечкан сув рузмарин
• 4 лажици масло
• 1 главица кромид
• 2 лажици масло
• 20 г путер
• 3 чешниња лук
• 400 г лиснато тесто
• 200 г чадена сланина
• 60–80 г рендан кашкавал
• 1 жолчка
• 1 лажица млеко
• сусам по желба
• НМД
🔸 За домашниот зеленчуков прилог
• 2 тиквички
• 2 главици кромид
• 1 морков
• 2 црвени пиперки
• 2 чешниња лук
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• масло по потреба
🔸 За смесата
• 3 јајца
• 200 мл млеко
• 30 мл масло
• 100 г брашно
• 10 г прашок за печиво
• 100 г рендан кашкавал
• копар по вкус


🟨 НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
▶️ Подготовка на месото
Свинското филе зачинете го рамномерно со сол, црн пипер, мајчина душица и рузмарин од сите страни.
Загрејте масло во тава и пропржете го филето по 2–3 минути од секоја страна, додека да добие убава златно-кафеава боја. Тргнете го настрана.
▶️ Ароматична подлога
Во истата тава сипете масло и додајте путер. Додајте ситно сечкан кромид и пржете 1–2 минути додека да омекне. Зачинете со сол и црн пипер, па додајте го сечканиот лук и кратко пропржете додека да замириса.
▶️ Обликување во лиснато тесто
Лиснатото тесто развлечете го на работна површина. Наредете ја сланината, врз неа распоредете го пржениот кромид и посипете со кашкавал.
Поставете го свинското филе и цврсто завиткајте, добро затворајќи ги краевите.
Ставете го ролатот во плех обложен со хартија за печење. Изматете ја жолчката со млекото, премачкајте го тестото и посипете со сусам.
Печете во загреана рерна на 200°C, 40–55 минути. Ако тестото пребрзо потемнува, покријте со алуминиумска фолија.
По печењето, оставете го месото да одмори 10 минути пред сечење – така останува сочно и меко.
▶️ Подготовка на прилогот
Исечканите тиквички посолете ги и оставете ги 10 минути, па исцедете ја течноста.
Во тава на средна температура пропржете кромид, морков и пиперки, со повремено мешање. Додајте лук, тиквички, сол и црн пипер. Поклопете и гответе околу 15 минути.
Оставете зеленчукот кратко да се излади.
Во сад изматете јајца, млеко, масло, брашно, прашок за печиво, кашкавал и копар. Додајте го зеленчукот и промешајте.
Истурете во намастен огноотпорен сад и печете на 180°C, 35–40 минути. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:


































