Природна мешавина за поддршка на тироидната жлезда
Едноставен рецепт што многумина го користат како дополнителна поддршка за правилна работа на тироидната жлезда.
Мешавината од ореви, хељда и мед е популарен природен препарат кој традиционално се користи за општо јакнење на организмот.
Богата е со витамини, минерали и корисни масти, а често се споменува како помош при одржување на нормална функција на тироидната жлезда.
Сепак, пред употреба задолжително консултирајте се со лекар, особено доколку имате дијагностицирано заболување на тироидната жлезда, користите терапија или имате алергии, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
• 50 g ореви
• 100 g хељда (може и хељдино брашно)
• 100 g природен мед
• НМД
Постапка:
1. Подготовка на оревите:
• Потопете ги оревите во вода и оставете ги да стојат 5–6 часа.
• Потоа добро измијте ги и исушете ги со хартиена салфетка.
• Можете кратко да ги просушите на сонце или во рерна 10 минути.
2. Подготовка на хељдата:
• Измијте ја хељдата под млаз вода.
• Исушете ја со хартиена салфетка.
• Оставете ја да се суши на сонце 2–3 часа.
• По желба, наместо зрна може да употребите хељдино брашно.
3. Мешање:
• Во стаклена тегла ставете ги крупно или ситно сечканите ореви.
• Додајте ја подготвената хељда.
• Прелијте со природниот мед.
• Измешајте темелно додека не се добие рамномерна смеса.
Начин на употреба:
Земете 1 лажица од смесата, 3 пати дневно, во континуитет 6 недели, потоа направете пауза.
• Хељдата содржи мали количества јод, железо, магнезиум и витамини од Б-групата – хранливи материи важни за општата енергичност.
• Оревите содржат омега-3 масни киселини и антиоксиданси кои може да помогнат во намалување на воспалителните процеси.
• Медот дава енергија и има антиоксидативни својства.
Ова може да биде корисно кај лица со хипотироидизам кои често се чувствуваат уморно, исцрпено, со слаб метаболизам.
Важно предупредување:
• Можни се алергиски реакции на мед, ореви или хељда.
• Производот не е замена за медицински третман.
• Пред употреба задолжително консултирајте се со лекар, особено ако имате заболувања на тироидната жлезда или земате терапија.
Грижете се за своето здравје и секогаш користете природни препарати со претпазливост! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/-zis0C0cVi8?si=EdatMhI0SE5mtOAj





































