Ако сте оние кои сакаат да си поспијат сè би направиле за уште 15 минути сон, тогаш веројатно раното станувањето е вистинска агонија за вас. Сепак, експертите истакнуваат дека ранобудниците имаат голема предност пред другите. А особено е важно да се разбудите пред 7 часот наутро. Еве зошто е добро за вашето тело:
1. Имате време да се разбудите
Истражувањата покажуваат дека добро познатата „утринска тромост“ трае помеѓу два и четири часа. Ако се разбудите во 08:30 за да бидете на работа во 9 часот, многу е можно да не бидете подготвени веднаш да почнете да ги исполнувате обврските.
Со будењето порано, му давате шанса на вашето тело да се разбуди природно. Иако на почетокот ќе ви биде тешко да станете порано, подоцна кога тоа ќе стане дел од вашата рутина, ќе бидете благодарни и ќе забележите дека имате повеќе енергија.
2. Ризикот од депресија е намален
Оваа ставка се однесува на жените. Студијата објавена во Journal of Psychiatric Research покажа дека жените кои се будат порано имаат помал ризик од развој на ментални болести како што се: депресија, анксиозност, нарушување на расположението и други. Ова има смисол особено ако го земеме предвид фактот дека спиењето го регенерира нашето здравје.
3. Пооптимисти сте
Според една студија од 2014 година, ранобудниците се помалку склони кон негативни и тешки мисли за разлика од оние кои остануваат будни до доцна. Многумина од нас се соочуваат со стресни мисли пред спиење, поради што обично не можеме да заспиеме долго време. Иако нема копче со кое едноставно може да ги исклучите мислите за такво нешто, важно е да работите на размислување за убави нешта.
4. Ранобудниците се поуспешни
„Кога станува збор за деловниот успех, утринскиот тип на луѓе се далеку напред“, тврди биологот Кристоф Рендлер. Рандлер објасни дека неговото претходно истражување, кое опфатило 367 студенти, покажало дека оние кои станувале порано добивале подобри оценки, што на крајот ги довело до одлични деловни можности.
„Луѓето од утринскиот тип се повеќе склони да се справуваат со проблемите. Тие се попроактивни, што им овозможува да имаат подобар успех на полето на кариерата“, додава тој.
5. Ќе го подобрите квалитетот на спиењето
Бројни студии покажаа дека оние кои стануваат рано имаат многу поквалитетен сон. „Ноќните птици“ имаат тенденција да развијат нарушувања на спиењето и затоа спијат помалку од луѓето кои го започнуваат денот порано.
Постојано слушаме колку е важно на телото да му обезбедиме осумчасовен сон и како токму тоа е тајната на здравјето и убавината. Но, нема да можете да го направите тоа ако продолжите да го одложувате повикот за будење наутро. Оние кои ќе станат порано навечер и ќе појдат на спиење полесно ќе заспијат и така ќе се одморат.