Само изрендајте 3 компири, додајте 3 јајца…Многу вкусно јадење, а евтино…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг компири (3-4 големи)
2 јајца (или 3 помали)
1 главица кромид
1 пиперка
80 г рендан кашкавал
сол, црн и црвен пипер, оригано

ПОСТАПКА:

1.Компирите изрендајте ги и оставете ги 10-15 минути потопени во ладна вода, па процедете ги и истискајте ги со раце од вишокот вода.

2.Пропржете го ситно сечканиот кромид, додајте сечкана пиоерка, па посолете и зачинете по вкус. Динстајте 5 минути или додека да омекне.

3.Во компирите додајте ги јајцата, зачинете по вкус и промешајте.

4.Во намастен огноотпорен сад со средна големина распоредете ги компирите, па врз нив динстаниот зеленчук. Со шпатулата направете засеци (за полесно да извадите парчиња по печењето).

5.Одозгора посипете рендан кашкавал и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 50 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.