Многумина од нас уживаат во превкусните јагоди и не можеме да си ја замислиме пролетта без нив. Меѓутоа, последниве години на пазарите се појавија „јагоди“ кои повеќе наликуваат на пластични играчки отколку на вистинско овошје, без мирис и вкус.
Исто така, познато е дека јагодите се третираат со многу штетни пестициди за да се сочуваат од разни инсекти и црви, како и да пораснат што поголеми. За разлика од овошјето кое делумно е заштитено со тврдата лушпа или барем има лушпа која може да се излупи, со јагодите тоа не е случај и пестицидите директно навлегуваат во месестиот плод.
Затоа, најпаметно би било овие сочни и вкусни плодови да ги купувате од проверен органски произведувач или уште подобро, да ги одгледувате сами. Но, многумина се соочуваат со проблемот што не поседуваат градина и простор за нивно одгледување.
Добрата вест е дека не мора да имате голем простор за одгледување јагоди, а градинарите открија како да имате голем принос од само една саксија која ќе ја сместите на балконот. Овој начин на сеидба според нив, гарантита речиси 100% успех.
Првиот чекор е да набавите семе од јагоди. За неколку десетици садници, ќе ви биде доволносамо една јагода (еден плод). Имено, жолтеникавите точки на површината на овошјето се всушност семињата на јагодата кои многу лесно се вадат со чепкалка за заби.
Можете да ги соберете семињата на таков начин или пак, да ги купите од земјоделска аптека. Доколку се одлучите да соберете семе директно од плодот, бидете сигурни дека јагодата е органска произведена од стара сорта, а не е хибрид.
По отстранувањето на семето, треба да го оставите неколку часа врз хартиена салветка за да се исуши. За тоа време, подгответе пластичен сад со капак и една хартиената повеќеслојна салветка која ќе ја навлажните. Семето треба да се распореди врз површината на хартијата во садот и добро да се навлажни со рачен распрскувач (со најситни честички). Потоа садот треба да се затвори.
Садот е најдобро да биде транспарентен и да го поставите покрај осветлен прозорец, бидејќи на семето му е потребна топлина и светлина за да из‘рти. Во наредните денови, потребно е секојдневно да го проверувате садот, бидејќи не смее да се да се изгуби влагата, ниту да се претера, па да се појави мувла.
По десетина денови семињата ќе из‘ртат и ќе се појават првите зелени ливчиња. За да ги насадите новите билки користете квалитетен супстрат со фини структура, па со помош на чепкалка за заби направете мали вдлабнатини на површината од земјата . Во нив внимателно спуштете го из‘ртеното семе, така што ливчињата да излегуваат на површина. Треба да се напомене дека сите семиња нема да из‘ртат истовремено, па садењето се одвива во неколку наврати.
Бидејќи за раст и развој на јагодите им се потребни топлина и влага, во следните неколку недели, обезбедете им доволно течности и минимум осум часа дневна светлина. Веќе за три до четири месеци овие минијатурни билкички ќе напредуваат толку многу што ќе бидат подготвени за пресадување на отворено, а до есен ќе дадат и плодови.
Градинарите советуваат дека на вака одгледуваните билки, потребно е да им се отстранат првите цвеќенца што ќе се појават, за да се насочи нивната сила кон коренот, а не на создавање плодови, зошто силниот корен е многу важен за понатамошниот развој на овошјето. Ова е многу важно да се направи во првата година од одгледувањето.
Времето за садење јагоди некако секогаш се поврзува со пролетта, но сепак тоа зависи и од климата во која живееме. Па така, на приобалските области јагодите всушност се засадуваат на есен, а во континенталните области се садат напролет. Не заборавајте садници во текот на пролетта да ги заштитите со агротекстил, особено во време на цветање, бидејќи мразот може да го оштети создавањето на овошје.
А местото на садење?
Јагодите се растенија кои ја сакаат топлината, па идеално место за нивно садење би било издигнатидобро дренирани подлоги или „могили“, бидејќи земјата во нив е потопла и не ја задржува водата. Можете да ги засадувате и во скалести саксии, висечки саксии, па дури и во исправени пвц цевки со направени отвори во нив на одредено растојание
Што е за штетниците и болестите?
Ниту зајчињата, ниту птиците и ниеден инсект и полжав не може да им одолее на овие вкусни плодови, па затоа е најдобро ви нивна близина да насадите џунџулиња. Тие со својот мирис ќе ги одбиваат зајците, а со бујна раст делумно ќе ги потскриваат плодовите од птичјиот поглед. Најефикасен начин се покажал со засадување на различни места во градината, на секои две до три години.
А прихрана?
За одличен принос се препорачува прихранување на јагодите секој месец со специјални ѓубрива наменети токму за нив. Ако сте љубител на кафето, не двоумете се да го истурите талогот од кафето во близина на нивниот корен, зошто и јагодите го сакаат, односно кислородот кој ќе им помогне да развијат убави и здрави листови.
Направете практична вертикална садница за јагоди која ќе ви заштеди простор, а ќе имате поголема берба
Јагодите можете да ги садите напролет, но пред да започнете, пробајте со оваа многу практична садница за јагоди. Не е воопшто тешко да се направи, а многу е погодна за одгледување на ова превкусно овошје. Освен тоа, ќе биде убава декорација во вашиот двор и градина. А да не говориме за тоа колку е лесно да се берат јагодите.
Потребен материјал: електрична дупчалка со бургија која може да направи дупка од 5 до 7 см, бургија од 2 или 3 мм за цевката, долга ПВЦ одводна цевка (со пречник 10-15 см), капак за одводната цевка, тесна цевка со пречник околу 1,5 см (околу 8-10 см подолга од главната цевка), чеп од плута, н ож, самолеплива лента, геотекстил за обмотување на цевката (долг, тесен), јаже за обмотување на геотекстилот, земја за садење, 1 кг малку груб чакал, расад јагоди и неколку билки кои си одговараат со јагодите, како невенот и џунџулето на пример.
Постапка: одредете ја висината на цевката, така што потесната цевка мора да биде 8 до 10 см повисока од главната. Направете дупки во тесната цевка која ќе служи за наводнување. Дупчињата треба да засемаат само 2/3 од цевката на горниот дел. Како што ќе ја полевате водата таа постепено ќе продира надолу, па доколку направите дупчиња и во долниот дел на цевката, можно е горните делови да остануваат без вода.
Обвиткајте ја тесната цевка со геотекстил и прицврстете со јаже. Ова се прави за да не продрат корењата во дупчињата и на тој начин да го затнат доводот на вода. Крајот на оваа тесна цевка затнете го со плутан чеп (нивелирајте го со нож за да одговора. Сето убаво обвиткајте со самолеплива лента.
Направете дупчиња на големата цевка, но само на оние места каде што расадот ќе биде свртен кон сонце (затоа, мора да знаете каде ќе ја поставите садницата). Голем сад ставете покрај ѕид, па во него високата дебела цевка, па на дното ставете го капакот. Во дебелата цевка ставете ја тенката, па истурете на дното крупен чакал во висина од 10см.
Дополнете со хумусна земја и садете ги јагодите во дупките кои сте ги направиле во цевката. Најдолу можете да насадите невен. Поставете ја цевката на сончево место и полевајте редовно. Внимавајте да не фати вошки, а доколку се појават избркајте ги со природни средтсва како што е цитрусното масло.