Нема дете или возрасен што не ги сака лиснатите кроасани. Овој рецепт ви презентира подготовка на едни од најубавите кроасани што постојат во светот, бидејќи излегуваат многу вкусни и меки како памук. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 г сув квасец (1 кесичка), 3 супени лажици шеќер (може и помалку ако правите со солен фил), 150 мл млако млеко, 150 мл млака вода, 150 мл кисело млеко или густ јогурт, 1 јајце, 750 г брашно, 1 супена лажица сол, 140 г путер или маргарин, нутела за фил, 1 жолчка од јајце, 30 мл млеко




ПОСТАПКА: Во подлабок сад растворете го квасецот заедно со шеќерот во млака вода и млако млеко. Додајте го киселото млеко и јајцето кои претходно сте ги оставиле на собна температура, бидејќи ако ги додадете ладни, директно од фрижидер, ќе ја спречите ферментацијата на квасецот.




Добро изматете ги течните состојки додека да се изедначат, а квасецот и шеќерот целосно да се растопат, па започнете да го додавате брашното. Не го додавајте одеднаш, туку на два или три наврати, а заедно со брашното додајте ја и солта.




На почетокот мешајте со лажица или шпатула додека брашното да ги впие течните состојки, а кога ќе згусне, додајте го остатокот од брашното и замесете со рака. Не грижете се, тестото е доста меко и малку е лепливо за рака, но такво треба да биде за добиете „памук“ кроасани.




Покријте го со капак или со проѕирна-стреч фолија и оставете го на топло месот без провев да стасува околу час ипол за да ферментира убаво и да го удвои својот волумен. Потоа истресете го на набрашнета работна површина, малку премесете го колку да формирате ваљак, па поделете го на приближно осум еднакви делови.




Шпатулата или ножот со кој ќе го сечете тестото малку набрашнете го за да не би лепи, бидејќи тестото и натаму е меко. Од секое парче тесто со малку брашно обликувајте топче, па формираните топчиња редете ги врз набрашнета површина. Потоа секое топче наросете го со брашно и развлечете го во кора со големина на широка чинија.




Секоја кора преку целата површина премачкјате ја со малку путер или маргарин омекнат на собна температура (140 г поделете ги на 8 дела по 7 за секоја кора, а последниот 8. дел малку поголем, за премачкување на големата кора). Постапката повторете ја со сите топчиња тесто, а корите редете ги една врз друга и помеѓу мачкајте ги со путер, освен последната.




Вака наредениот куп со кори ставете го во една чинија и обвиткајте го со стреч-проѕирна фолија и оставете го во замрзнувач 20 минути за да се стегне. Потоа извадете го врз набрашнета работна површина и развлечете една голема, тенка кора, со дебелина од 5 милиметри.




Преку цела површина на кората премачкјате путер или маргарин, па исечете ја на потесни или пошироки триаголници, во зависност од тоа колку големи сакате да ви бидат кроасаните. Од поширокиот дел на триаголникот ставете по една лажичка мармалад или нутела.




Потоа секој триаголник свиткајте го во кифличка. Кроасните наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да одморат 20 минути. Една жолчка од јајце изматете со малку млеко (30 мл), па премачкјате ги кроасаните и ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. По желба, откако ќе се оладат наросете ги со шеќер во прав или прелијте ги со топено чоколадо.