ПОСНИ КОЛАЧИ СО КОКОС…Лесен и брз рецепт за вкусни чупавци, меки се како душа…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
2 чаши (од 200 мл)
брашно (250-260 г),
1 кесичка ванилин шеќер (10 г),
1 кесичка прашок за печиво (10-12 г),
3/4 чаша шеќер (150 г),
1/2 чаша масло (100 мл),
1 чаша вода (200 мл).

ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ:
3/4 чаша шеќер (150 г),
3/4 чаша вода (150 мл),
100 г посно чоколадо,
125 г маргарин (1/2 коцка),
1 супена лажица какао во прав,
100 г кокос за валање

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сите наведени состојки за бисквит. Мешајте додека да добиете мазна смеса, а тестото сипете го во калап 24х20 см обложен со хартија и печете го 25-28 минути во загреана рерна на 200 степени.

2.Оладениот бисквит исечете го на коцки.

3.Во тенџере зовријте вода со шеќер, па додајте го маргаринот, чоколадото и какаото. варете 4-5 минути на умерена температура, па оставете го 10 минути да подизлади.

4.Секоја коцка кратко натопувајте ја во преливот, па валајте ја во кокосот. Постапката погледнете ја ОВДЕ.