Посни чоколадни топчиња без шеќер – брз и здрав десерт со урми и овес
Барате брз, здрав десерт без шеќер, а дома имате само овесни снегулки и урми? Овие посни чоколадни топчиња се подготвуваат за неколку минути, без печење и без рафиниран шеќер.
Природната сладост од урмите, комбинацијата со ореви и темно чоколадо без шеќер создаваат хранлив и балансиран десерт, идеален за појадок, ужина или како енергетски слатки за деца и возрасни.
Овој рецепт е одличен избор за сите што практикуваат посна исхрана, вегански начин на исхрана или едноставно сакаат поздрави алтернативи на индустриските благо, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки:
За основата:
• 150 г урми
• 80 г овесни снегулки
• 60 г ореви
За чоколадната глазура:
• 100 г темно чоколадо без додаден шеќер
• 1 лажица растително масло
За декорација:
• 30 г ореви

Постапка:
1. Урмите ставете ги во ладна вода и оставете ги да отстојат околу 15 минути, додека да се отстранат евентуалните конзерванси и да омекнат. Потоа исцедете ги и извадете им ги семките.
2. Овесните снегулки ставете ги во блендер и сомелете ги додека да добиете фина структура.
3. Додајте ги 60 г ореви и повторно изблендирајте додека да се соединат со овесот.
4. Додајте ги исчистените урми и блендирајте додека да добиете компактна, леплива смеса.
5. Намачкајте ги дланките со малку растително масло, па формирајте мали топчиња. Редете ги на тацна и ставете ги во замрзнувач околу 15 минути за да се стегнат.
6. Во меѓувреме, искршете го темното чоколадо и растопете го на пареа (водена бања). Додајте 1 лажица растително масло и промешајте додека да добиете мазна глазура.
7. Оревите за декорација сомелете ги ситно.
8. Извадете ги топчињата од замрзнувач, потопувајте ги во растопеното чоколадо и посипете ги со сомелени ореви.
9. Ставете ги во фрижидер околу 15 минути, додека да се стегне чоколадната обвивка.
Послужете ги изладени и чувајте ги во затворен сад во фрижидер.
Зошто овој десерт е паметен избор?
• Без додаден шеќер
• Без брашно и без печење
• Посен и вегански рецепт
• Богат со растителни влакна
• Брза подготовка (5–10 минути активна работа)
За дополнителна практичност, може да користите квалитетен блендер со повеќе нивоа на моќност или силиконски калапи за совршена форма – мали инвестиции кои значително го олеснуваат секојдневното готвење и подготовка на здрави десерти дома.
Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












