Според рецептот на Гордана Горде ќе ви претставиме еден совршен старински начин за приготвување на посна торта со јаболка. И мирис и вкус, кога ќе ја направите домот ќе ви замириса како да сте испрскале со овошен освежувач. Вкус кој се памти, а подготовката е многу лесна.

Фото и рецепт: Гордана Горде




Од неколку состојки ќе добиете прекрасен колач кој нема да ве изневеpи, бидејќи сите што го пробале се увериле во неговиот одличен вкус. Во продолжение прочитајте уште неколку рецепти за посни колачи со јаболка. Еве што ви е потребно за првиот рецепт на Гордана Горде:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 15 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 20 лажици вода, 6 јаболка, 250 г гриз, 1 лажичка сода бикарбона, 20 рамни лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 100 г сечкани ореви, 100 г суво грозје. ЗА ШЕРБЕТ: 500 г шеќер, 500 мл вода.

Фото и рецепт: Гордана Горде




ПОСТАПКА: Во сад се ставаат 15 лажици шеќер, па се додава 2 кесички ванилин шеќер и 20 лажици вода. Јаболките се лупат и чистат, па се рендаат и се додаваат во смесата од суви состојки. Се маша со лажица и се додава 250 г гриз, 1 лажичка сода бикарбона, 20 рамни лажици брашно, прашокот за печиво.




Се соединуваат состојките, па се додаваат ситно сечканите ореви и 100 г суво грозје. Убаво соединете во еднолична смеса и тортата печете ја во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути (зависно од рерната).




ЗА ШЕРБЕТОТ: помешајте 500 г шеќер и 500 мл вода и почекајте да зоврие, а шеќерот да се стопи. Тортата треба да биде млака пред да се прелие со шербетот, а и тој треба да биде млак, не премногу врел. По желба може да се стави и цимет во смесата.

Фото и рецепт: Гордана Горде




Јас печев во тепсија 40х25 см, може и во помала за да ви дојде тортата повисока. Фото и рецепт на Гордана Горде. Во продолжение прочитајте уште 2 многу вкусни рецепти за посни колачи со јаболка и гриз:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 рендани јаболка, 10 лажици мелени ореви, 2 чаши вода, ¼ чаша масло, 15 лажици шеќер, брашно по потреба, 2 прашок за печиво и ½ лажиче сода бикарбона. За сируп: 20 лажици шеќер, 1,5 чаша вода, 2 лажици рум и карамел за премачкување одозгора.

Фото и рецепт: Драган Страшеноски




За мерење се користи чаша од 250 мл. Постапка: Јаболката се мијат, се лупат и рендаат. Им се додаваат десет лажици мелени ореви, 2 чаши вода, ¼ чаша масло и 15 лажици шеќер. Се меша со лажица. Потоа, во добиената смеса постепено се додава брашно додека да се добие средна густина.

Фото и рецепт: Драган Страшеноски




Се промешуваат и двата прашоци за печиво и половина лажичка сода бикарбона. Смесата се излева во плех обложен со хартија (со средна величина) и се става да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени со вентилатор, околу 40 минути.

Фото и рецепт: Драган Страшеноски

За сируп: Во тенџере ставаме 20 лажици шеќер и налеваме една и пол чаша вода. Ги зовриваме. Откако ќе го тргнеме тенџерето од оган му додаваме 2 лажици рум. Печената кора ја вадиме од калапот и ја ставаме наопаку. Ја сечеме на коцки и налеваме топол шербет на ладна кора. Врз сето тоа премачкуваме карамел. Фото и рецепт на Драган Страшеноски.




Трет рецепт. Фотографија и рецепт на Сефка Ракиќ. Потребни состојки: 3 шолји рендани јаболка, 1 шолја шеќер или ½ кој не сака многу благо да му биде, 1 шолја масло, 1 ванилин шеќер и малку цимет по вкус, 1 портокал – сок, доколку јаболката не се многу сочни, 2 шолји брашно, 1 шолја рогач (кој нема рогач, нека стави брашно), 1 прашок за печиво и 1 лажичка сода бикарбона

Фотографија и рецепт на Сефка Ракиќ

Постапка: Измијте ги јаболката и излупете ги, па изрендајте ги. Ако не се многу сочни во нив додајте сок од еден портокал. Додајте ги сите останати состојки и добро промешајте за да се изедначат.




Добиената смеса излејте ја во намастен помал плех и оставете така да отстои околу 20 минути. Потоа ставете го во ладна рерна и печете околу 40 минути на 180 степени. Кога е готов, јас го премачкувам со некој убав џем од кајсии или цреши и одозгора го преливам со компот во кој сум сварила пудинг.

Не мора пудинг да ставате, многу е вкусен и самиот колач без додатоци. Преку пудингот ставам кокос, ореви или што имам. Многу е вкусен, особено во денови на пост. Фотографија и рецепт на Сефка Ракиќ.

Фотографија и рецепт на Сефка Ракиќ