Температурите кои се високи можеби се погодни за активности како што се пливање, сончање и други летни радости, но треба да се запомни дека врелината не е нужно добра за здравјето на луѓето.
Важно е да се обрати внимание на различни аспекти на здравјето, бидејќи некои органи може да страдаат поради високите температури.
Можеби не сте размислувале за тоа, но бубрезите се еден од органите кои можат да бидат изложени на ризик.
Нефрологот Иван Литвинов предупредува дека топлите временски услови го оптоваруваат кардиоваскуларниот систем, но и органите кои го регулираат отстранувањето на вишокот течности од телото, како што се белите дробови, кожата и бубрезите, пренесува Објектив.
Тој нагласува дека многу луѓе прават грешки кои го загрозуваат нивното здравје. Колку е повисока температурата, толку се почести ваквите грешки, а една од најчестите е претераното консумирање вода. Иако хидратацијата е важна, преголемиот внес на течности може да ги оптерети бубрезите.
– Ако пиете премногу вода во текот на денот од нормалната количина за летно време, тоа предизвикува неподносливо оптоварување на бубрезите. Тие едноставно немаат време сето тоа да го обработат.
Ова е особено опасно за луѓето кои веќе имаат проблеми со бубрезите, хипертензија и кардиоваскуларни заболувања. Нивниот волумен на циркулирачка крв се зголемува, хиперволемијата (зголемен волумен на крв) се зголемува.
Ова на крајот може да доведе до влошување на хроничните болести – објасни Литвинов и додаде дека најдоброто нешто што можеме да направиме е да продолжиме да консумираме исто количество течности како порано.
Секако, да се земе во предвид и потењето и надокнадата на изгубените течности, но не повеќе од тоа. Како да ги зачувате бубрезите? Тој даде и еден многу практичен совет кој можете да го применувате речиси секој ден.
– Кога ќе излезете на жешката улица, изедете мала кисела краставичка. Ова ќе ви помогне помалку да се потите и да бидете помалку жедни – тврди тој. Со помалку жед, нема да чувствувате потреба за вода и нема да пиете премногу од неа.
Неопходно е да се заштитат бубрезите. Исклучително незгодна работа, кога се во прашање, е тоа што бубрежните заболувања често се манифестираат со нејасни симптоми кои се игнорираат, па пациентите предоцна се јавуваат на лекар.
Најлесен начин да ги забележите проблемите со бубрезите е преку промени во уринарниот тракт и нејасни болки во грбот.
Дополнително, може да се јави вртоглавица, оток, чувство на студенило во телото, чешање и иритација на кожата, гадење, замор и чувство на слабост, па дури и отежнато дишење.