Миењето нозе во леѓен во времетраење од 15 минути пред спиење, не е важно само поради одржување на хигиена, туку има и други предности за здравјето. Ова е обичај кој го негувале и редовно го практикувале нашите предци.
Тие многу добро знаеле што е добро. Некако, со новиот начин на живеење, каде сите брзаат некаде, овој стар обичај полека е запоставен и заборавен, а со него и сите благодети кои се погодни за здравјето.
Сите се тушираат многу набрзина и си легнуваат во кревет на спиење, мислејќи дека со тоа ја завршиле својата обврска кон своето тело за одржување на лична хигиена.
Меѓутоа, топлата вода во леѓен и „закиснувањето“ на стапалата, како што би рекле нашите „стари“, е одлична здрава навика која што поскоро мора повторно да ја воведеме во нашиот секојдневен живот.
После напорниот ден поминат на нозе, седнуваме во фотелја и чувствуваме дека ни е потребна релак-сација. Најдобро е некаде пред спиење, да го наполните леѓенот со топла вода (никако врела) и да ги потопите нозете.
Држете ги нозете во леѓенот додека водата целосно да се олади, барем 15-тина минути. По желба може да користите сапун, по една рака морска сол, сода бикарбона, неколку капки јод, миризливи соли за ре-лаксација, етерични масла, еден филџан јаболков оцет и други состојки во зависност од тоа на кој што му е потребно.
Потоа извадете ги нозете од леѓенот и избришете ги со пешкир. Користете го овој метод секојдневно и ова нека стане ваша навика. Предноста на оваа исклучително здрава навика вклучува осло-бодување од насобраниот умор во текот на денот, деток-сикација, ослобо-дување на напнатост и с трес, ублажува б олки во мускули…
Со сите обие благопријатни дејства, овој метод овозможува многу полесно да заспиете и да имате квалитетен сон во текот на цела ноќ. Освен топла бања за нозе, постои и ладна. Доктор Сергеј Бубновски, познат руски специјалист за кинезитерапија, препорачува ист ваков метод, држење на стапалата 15 минути во леѓен, но во ладна вода.
Всушност, тајната се крие токму во ладната вода, вели докторот. Кога ќе се вратите дома после напорната работа, докторот советува леѓенот да го наполните со ладна вода и да ги потопите нозете во неа во времетраење од 15 минути.
После тоа избришете ги нозете со пешкир и облечете топли, волнени чорапи и загрејте се. Со секојдневно повторување на овој метод се зајакнува имунитетот. Интересно е тоа што овој доктор вели дека не треба да ве загрижува ладната вода, наспроти општоприфатените верувања, па дури и ако сте настинати.
Тој тврди дека овој метод може да биде само од корист и никако не може да ште-ти. Тоа го објаснува на следниот начин: од студената вода доаѓа до вазоконстрикција (стегање на кр-вните садови), а веднаш потоа тие започнуваат да се шират со што се подобрува протокот на кр-вта и исхранетоста на ткивата.
Дури, за подобрување на циркулацијата можете да користите 2 леѓени, еден со топола а другиот со ладна вода и да го примените „шкотскиот начин“, односно, нозете да ги држите наизменично во топла и ладна вода, со тоа што во топла се држат нешто подолго отколку во ладна.
На пример, 5 минути топла – 3 минути ладна бања. За кој метод и да се одлучите, нема да погрешите. Сите три начини за „киснење“ на нозете се благопријатни и корисни за телото.