Буквално смачкав цела чинија. Отсега палачинките ќе ги правам само на овој начин.

Одличен рецепт за палачинки може да прочитате под видео прилогот.

Потребни состојки:

15 готови палачинки
200 мл сварен пудинг од ванила, полутечен (1 чаша) или готов крем
10 г какао во прав за наросување одозгора
500 г маскарпоне сирење
250 мл слатка павлака за шлаг 33%
100 г шеќер во прав

Постапка:

Сварете пудинг од ванила според упатството на кесичката, но не го варете премногу за да не згусне или додадете уште малку млеко. Потребно е да биде полутечен, па наполнете една висока чаша. Истата чаша претходно искористете ја за да ги исечете палачинките во средина, сите одеднаш на куп, како што се наредени една преку друга.

Потоа чашата полна со ванилин крем ставете ја превртено врз чинијата за сервирање, малку поголема од величината на палачинките. Преку чашата редете ги палачинките а помеѓу филувајте ги со вкусниот крем приготвен од маскарпоне.

За крем: Во 500 г маскарпоне додадете 250 мл слатка павлака, 100 г шеќер во прав, па изматете со миксер додека да добиете мазен крем. Кога ќе ги наредите сите палачинки одозгора наросете со какао во прав и полека, внимателно извадете ја чашата со пудингот од ванила.

Полутечниот ванилин крем ќе се разлее врз палачинките. Исечете парчиња и послужете. Со овој крем совршено одговараат шумски плодови. Постапката можете да ја погледнете во видеото:

Најдоброто тесто и рецепт за палачинки кои досега сум ги пробала: иде сè по 4 од состојките што е многу интересно!

Овие палачинки се многу фини и меки и не се нималку масни ниту гумени кога ќе се гризнат, а можете да ги филувате по желба, сите вкусови добро им стојат…

Потребни состојки:

4 јајца
400 г брашно
400 мл млеко
400 мл газирана вода
4 лажици масло
малку сол
1 ванилин шеќер

Постапка:

Јајцата изматете ги со жица, па додадете половина брашно и млеко, па сето добро соединете го. Потоа додадете ја втората половина од брашното и млекото, малку сол, ванилин шеќер и масло, па соединете да нема грутчиња. На крај додадете ја газираната вода и добро промешајте да се изедначи и стане мазна.

Смесата оставете ја еден час да одмори во фрижидер. За тоа време убаво ќе се спојат состојките и подобро ќе се пече тестото, а палачинките од прва до последна ќе бидат исти по дебелина.

Тавчето за палачинки намастете го со малку масло и добро загрејте го, а потоа излејте една кутлача од смесата во него, брзо и рамомерно разлејте на сите страни и печете неколку секунди од едната страна, па превртете и на другата страна, печете исто толку или пократко.

Печените палачинки редете ги една врз друга, најгорната поклопете ја со со втората превртена на чинијата и филувајте по желба.