Омилено летно јадење…Го готвам двапати во неделата…Лесно, евтино, брзо и заситно, а многу вкусно, прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 млада главица кромид со зелени перца
2 моркови
1-2 пиперки
600 г бело пилешко месо
3 компири
150 г доматно пире
сол, црн пипер, мајчина душичка

За бешамел сос:
40 г путер
20 мл масло
1 лажица брашно
500 мл млеко
100 г рендан кашкавал
сол црн пипер, мускатно оревче

ПОСТАПКА:

1.Зелениот кромид, морковите и пиперките ситно исечкајте ги. Посолете. Оставете го зеленчукот да се динста 5 минути на умерен оган.

2.Пилешкото месо исечкајте ги на мали парчиња, па додајте ги во зеленчукот и динстајте 6 минути на умерен оган.

3.Исечете ги компирите па и нив додајте ги и продолжете со динстање поклопено уште 5 минути на умерен оган. Додајте го доматното пире, зачинете и гответе 2 минути на тивок оган.

4.Смесата сипете ја во плех/огноотпорен сад и печете во загреана рерна на 200°C 20 минути.

5.Растопете го путерот со маслиново масло. Додајте 1 лажица брашно и пржете 2 минути на тивок оган со постојано мешање.

6.Додајте го млекоти и варете 2 минути на тивок оган со постојано мешање. Зачинете со по 1/2 лажичка сол, црн пипер и морско оревче. Додајте го ренданиот кашкавал и исклучете го огнот.

7.Со сосот прелијте го зеленчукот и печете на 200°C 15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.