Home Вести „Не знам како е жив“: Американскиот министер за здравство шокиран од исхраната...

„Не знам како е жив“: Американскиот министер за здравство шокиран од исхраната на Доналд Трамп

Исхраната на Доналд Трамп е пример што никој не треба да го следи – предупреди американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој отворено зборуваше за навиките на претседателот на САД во едно неодамнешно интервју.

Во разговор за The Katie Miller Podcast, Кенеди без задршка истакна дека Трамп има најлоши прехранбени навики меѓу сите членови на администрацијата, иако призна дека неговата физичка издржливост е „неверојатна“.

Искрено, не знам како е можно сè уште да е жив. Ако патувате со него, имате чувство дека постојано се полни со отров“, изјави Кенеди.

Што навистина јаде Доналд Трамп?

Според министерот за здравство, исхраната на Трамп е базирана речиси исклучиво на високо преработена храна – хамбургери од ланци за брза храна, слатки и големи количини диетална кока-кола, која, како што вели, ја пие „практично постојано“.

Сепак, Кенеди додава дека за време на престојот во Белата куќа, Трамп почесто избирал и поконтролирани, поздрави оброци, а како ретка позитивна навика го истакна фактот дека не консумира алкохол.

Нови американски насоки за исхрана: „Пирамидата ја вртиме наопаку“

Роберт Ф. Кенеди Џуниор е познат по своите контроверзни ставови за здравјето и исхраната, а неодамна најави и радикални промени во официјалните препораки за исхрана во САД.

На прес-конференција во Белата куќа беа претставени ажурирани насоки за исхрана, кои, според администрацијата на Трамп, имаат за цел да помогнат во намалување на хроничните заболувања кај населението.

Ја завршуваме војната против заситените масти“, порача Кенеди.

Според новите препораки, заситените масти, месото и зеленчукот повторно добиваат централно место во секојдневната исхрана, за разлика од претходните децении кога беа строго ограничувани. Повеќе прочитајте ОВДЕ:

Се урива старата пирамида на исхрана: Што препорачуваат новите официјални насоки?