Уште кога бевме деца сме слушнале за ова суеверие, но и денес многумин  „веруваат“ дека кога ќе ве почеша левата дланка, тоа значи дека ќе добиете пари. А што значи кога десната дланка ќе ве почеша? Дали има медицинско објаснување за сето ова или е само с уеверие? Ние се обидовме да побараме одговор за ова прашање, па доколку ве интересира, прочитајте во продолжение на текстот.

С уеверието поврзано со чешањето на дланките е различно и зависи од тоа која дланка чеша. Според народното верување, чешањето е поврзано со парична добивка и, во зависност од тоа дали станува збор за левата или долната дланка, ќе добиете или изгубите пари. Ако тоа е десната дланка, тогаш ќе ги добиете парите, додека левата дланка означува трошоци, односно дека треба да давате пари.

Кога ве чеша левата дланка, тогаш ќе останете без пари или ќе ги потрошите. Во секој случај, ќе останете без нив, на кој било начин. Постојат и неколку медицински објаснувања кои велат дека чешањето е поврзано со енергијата во вашите раце.

Општо земено, левата рака ја означува можноста, додека десната означува активност. Затоа, левата рака значи дека нешто ќе се појави во вашиот живот за кое ќе мора да дадете пари, односно да го платите.

Десната рака е активна и ако ве чеша, тогаш енергијата на вашата работа излегува од вас и придонесува за парична добивка. Чешањето на десната рака гарантира дека енергијата излегува и се заменува со парите што доаѓаат.

За да го намалите чешањето на дланката, сè што треба да направите е да ја протриете од дрвена површина. Ова ќе го намали чешањето, бидејќи се верува дека на овој начин ќе ја пренесе енергијата од дланката врз дрвото.

Суеверието е прилично старо и додека некои веруваат дека е вистина, други веруваат дека тоа е само теорија. Дали некој од нив е во право, пресудете сами. Ако пребарувате на Интернет за оваа појава, ќе откриете дека постојат многу луѓе кои доживеале слични совпаѓања поврзани со пари, без разлика дали станува збор за добивка или загуба.

Не постои научно објаснување за ова суеверие, но сепак, некои луѓе веруваат дека има барем делумно објаснување. Исто така, многумина од нив велат дека најдобро е да не верувате во вакви будалаштини, туку да се потпрете само на вашиот труд и напорна работа – и секако да не чекате да ве почеша дланката за да добиете пари.

Ако ги барате овие информации само од љубопитност, тогаш е во ред, сепак психолозите сметаат дека може да се појави проблем ако почнете да верувате во ваквите суеверија и ако очекувате работите да почнат да се одвиваат сами од себе.

Овие факти се однесуваат на секој вид суеверие и ниту една личност не смее да носи заклучоци врз основа на нив, бидејќи сето ова веројатно е само случајност, заклучуваат тие.

ЗОШТО МЕ ЧЕШААТ ДЛАНКИТЕ А НЕМАМ ЦРВЕНИЛО НИТУ ОСИП?

Причините за чешање на кожата или пруритис, обично се безопасни. Оваа појава обично е поврзана со провремени и краткотрајни проблеми поради сува кожа или некој инсект, а поретко може да се јави поради проблем со нервите, бубрезите, тироидната жлезда, висок шеќер, паразитни инфестации, црниот дроб или како последица од земање на некои лекови.

„Н апади“ на чешање, црвенило и сува кожа – трите знаци на атопискиот дерматит

Атописки дерматитис (егзема) е состојба која ја прави кожата црвена и воспалена. Најчеста е кај децата, но може да се јави на која било возраст. Освен естетскиот изглед на кожата, фактор кој најмногу го нарушува квалитетот на живот е секако и чешањето.

Карактеристични се периодите на „на пади“ на чешање, а типично е и ноќното влошување на кожата, кое кулминира околу 3-4 часот наутро. Поради тоа и малите и големите пациенти имаат проблем со ненаспаност и умор кои дополнително ја влошуваат клиничката слика.

Карактеристики на атопискиот дерматитис

Ксероза, односно сувост на горниот слој на кожата со појава со помалку или повеќе изразено перутање (дескавамација) на кожата. Ова доведува до зголемено губење течности низ епидермот, како и зголемена чувствителност на кожата кон вообичаени агенси од околината (средства за хигиена, хлорирана вода…)

Црвенило (еритем) предизвикано од воспалителен процес

Пруритус (јадеж, чешање) што дополнително ја влошува воспалителната реакција и го нарушува квалитетот на живеење има честа поврзаност со алергиски болести, како што се алергискиот ринитис, астма и алергии на храна.

Доаѓа до намалена отпорност на бактериски, вирусни и габични колонизации на кожата, поради дисбаланс на имунолошкиот систем. Болеста се јавува кај деца, а најчесто почнува многу рано, во првите неколку месеци од животот. Се појавува карактеристичната сувост на кожата и црвенило кое најчесто се локализира на лицето, вратот, лактите, затколената, а може и на целото тело.

Дисбаланс во имунолошкиот систем

Денеска, во услови на општа стерилизација, стравови од бактерии, конзерванси во исхраната, како и претераната употреба на антибиотици, постои „колективно“ поместување на имунолошкиот одговор во современото општество, односно расте бројот на болести предизвикани од овој дисбаланс.

Интересен е податокот дека деца растени во рурална средина многу помалку заболуваат од атописки дерматитис, а докажано е дека урбаните деца кои барем одреден период поминуваат во село имаат помала шанса на заболување од атописки дерматитис.

Една од причините можеби лежи во зачестена средба со бактерии во руралните средини кои не секогаш се опасни. Но, делумно можеби причината се крие и во помалата стапка на загаденост во однос на урбаната средина

Последица на исхраната

Навиките во исхраната не се главна причина за атописки дерматитис. Но, бројни научни трудови укажуваат дека алергиските реакции на храна се еден од факторите кои ја влошуваат состојбата на атопискиот дерматитис.

Најчести продукти на кои се јавуваат имунолошки реакции се млеко, јајца, соја, глутен и други протеини од пченица и јачмен, кикирики и чоколадо. Доколку размислуваме за храната како лек, треба да се внимава на внесот на незаситени есенцијални масни киселини, како и пробиотици во високи дози.

Психосоматска болест

Атопискиот дерматитис се смета дека е поврзан со психосоматска болест. Болеста се влошува како последица на претходен стрес, а исто така, можно е моментално запирање на чешањето кое настанува при ненадејно шо-ки-рање.

Како се лекува?

Терапијата на атописки дерматитис има за цел контрола на нападите и одржување на влажноста на кожата. Терапискиот приод зависи од тежината на болеста и од отпорноста на кожните промени. Како цели на терапијата, освен подобрувањето на кожата треба да се земе предвид и степенот на намалување на чешањето и подобрувањето на сонот.

Терапијата на атописки дерматит вклучува хидратација, соодветна нега на кожата, идентификување и одбегнување на иританси и алергени, контрола на чешањето и употреба на локални системски антиинфламаторни агенси.

Потребна е добра едукација на родителите за основите на болеста и нејзиното водење, а при тоа да не се заборави на потребата од елиминација на стресот и анксиозноста како во семејството така и кај детето.

Превенција

Во однос на примарната превенција постојат докази дека терапијата со пробиотици на мајката во текот на бременоста и во првите месеци по раѓањето одложува појава на атописки дерматитис. Секундарната превенција се состои во избегнување и редукција на идентификуваните тригер фактори и добра нега на кожата.

Превенцијата се спроведува индивидуално за секој пациент посебно. Треба да се биде внимателен при спроведување диети особено во раната детска возраст. Ако постои сензибилизација на домашен прав се препорачуваат одредени мерки за намалување.

Новите сознанија за важноста на интегритетот на кожната бариера и улогата на имунолошкиот одговор до одреден степен го подобрија водењето на пациентите, како и текот и прогнозата на атописки дерматитис. Докторите имаат разни тераписки можности во терапијата на оваа состојба и контрола на егзецербациите, но комплетното излекување е индивидуално и не може да се предвиди.