Во последно време сè почесто можеме да ги слушнеме нутриционистите како советуваат, дека водата во која се варел одреден зеленчук, житарица или мешунка, не треба да се фрла, и дека истата може да се искористи за различни медицински цели.
Овојпат станува збор за водата во која се варел компирот и веруваме дека никогаш досега не би ви паднало на памет дека таа може да биде толку корисна.
„Повеќето домаќинки, кога готват компири, ја фрлаат водата во која се готвел зеленчукот, не знаејќи дека прават голема грешка“, велат нутриционистите. Она што речиси никој не го знае, е дека оваа течност е исклучително лековита.
Всушност, дури 70% од калиумот, многу важна и хранлива состојка што се наоѓа во компирот, останува во оваа вода. Овој „зеленчуков бујон“ е исто така богат со витамините А и Ц како како ниедна друга течност, а содржи и многу минерали.
За што е добра водата од компир?
Течноста во која се варел овој зеленчук може да помогне во ублажување на отокот и подобрување на работата на срцето. Нутриционистите препорачуваат да пиете по чаша од овој топол напиток три пати неделно. Тие исто така нагласуваат дека е најдобро компирот прво добро и темелно да се измие, а потоа да се готви нелупен и тоа без сол.
Оваа течност е ефикасна и кај ментален и физички замор, а особено се препорачува на крајот на сезоната, кога сите генерално се чувствуваме уморни и истоштени.
Сепак, нутриционистите не се единствените кои ја препорачуваат течноста во која се варел нелупен компир. Дерматолозите исто така, препорачуваат истата да се користи како топла бања за рацете. За една недела од користењето на овие бањи, кожата на рацете добива пријатна природна боја, станува мека и кадифена, а сите неправилности од неа исчезнуваат.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Ако ја истурате водата од гравот, буквално фрлате пари: неверојатно корисна течност, а еве за што се користи
Гравот е омилена намирница за повеќето луѓе која може долго време да биде ускладиштена и да се користи по потреба за приготвување на најразлични начини. Со гравот се подготвуваат едни од највкусните рецепти кои најчесто се приготвуваат во големи тенџериња или тави.
Гравот има и бројни здравствени бенефити и лековити својства, па поради тоа честопати ја препорачуваат лекарите и нутриционистите, според кои оваа намирница треба да биде што почесто застапена во нашето мени.
Но, дали знаевте дека и водата во која киснел или се варел гравот е вистинско чудо кога станува збор за чистење на куќата?
Кога ќе купите грав и ќе го донесете дома, во својата кујна, најпрво го потопувате во вода да отстои преку ноќ или неколку часови, а потоа го варите во „прва“ вода која вообичаено се фрла за да се исперат „тешките шеќери“ кои предизвикуваат гасови и подување на стомакот.
Меѓутоа, фрлањето на оваа вода е голема грешка. Можеби оваа вода не е добра за пиење и не е јадлива од претходно наведените причини, меѓутоа течноста е право чудо за чистење на куќата, особено на стаклените површини.
Супстанциите кои ги содржи лушпата на гравот а се ослободуваат во водата, помагаат да се исчистат и изгланцаат стаклените површини како што се: огледала, прозори, па дури и стаклените садови ќе бидат уште почисти, како никогаш претходно.
Оваа вода е потребно да се измеша со врела вода, да се складира со шише со распрскувач, а потоа со растворот да се испрскаат стаклените површини и да се пребришат со чиста памучна крпа.
Во смесата можете да додадете и малку ал-кохолна киселина ако сакате таа површина да ја дезинфицирате. Мирисот на оцетот многу брзо испарува и исчезнува. Значи, сè што ви е потребно за да ви заблескаат огледалото, прозорите или стаклените садови се грав, тенџере и малку добра волја…
Во некои дамнешни времиња кога не постоеле купечки средства за чистење, домаќинките најчесто домот го чистеле со храна. Па така, со свеж леб ги пребришувале ѕидовите, со млеко камените површини, прозорите ги чистеле со компир…