Најдобриот појадок за 10 минути…Се топи во устата…Секој треба да го знае овој рецепт…Ова е рецептот што го чекавте! Брз и лесен рецепт за појадок…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г рендан кашкавал
2 јајца
2 лажици брашно
1 лажица прашок за печиво
250 мл масло за пржење

За похување:
2 јајца
лебни трошки

За сос:
2 лажици мајонез
1 лажица кечап
1лажичка сенф
1/4 лажичка сол
копар

ПОСТАПКА:

1.Во сад измешајте рендан кашкавал со јајца и брашно помешано со прашок за печиво. Добро замесете, треба да добиете меко тесто.

2.Ставете го тестото во парче пластична фолија, завиткајте го и формирајте долг ролат. Ставете го во замрзнувач 1 час за да се стегне.

3.За тоа време го подгответе го сосот. Измешајте ги сите состојки и оставете го во фрижидер да се излади.

4.Откако ќе го извадите тестото од замрзнувач, исечете го на парчиња со дебелина од 1.5-2 см и секое парче потопете го во изматени јајца и извалајте го во лебни трошки.

5.Пржете ги во загреано масло по 2 минути од секоја страна на умерен оган. Постапката погледнете ја ОВДЕ.