Ако немате време за готвење, а сепак сакате со нешто вкусно и здраво да се засладите, овој рецепт е вистинскиот за вас. Овој колач се приготвува буквално за 2 минути, а потоа останува само да го испечете и изладите. Одличен лесен и нежен десерт за вечера или после ручек.




Овој рецепт се приготвува со густ („грчки“) јогурт кој е погуст од обичниот (како кисела павлака), а може да се најде и со најразлични овошни вкусови. Овие јогурти се засладени и затоа во овој рецепт нема потреба да се додава шеќер. Доколку користите обичен, незасладен јогурт, за поздрава варијанта може да користите некој природен засладувач како „стевија“ или по ваш избор.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г овошен јогурт или обичен густ јогурт (+ некој природен засладувач за дијабетичари или по ваш вкус), 4 јајца, 40 г скроб/нишесте/густин.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад истурете го јогуртот и додајте ги јајцата. Изматете ги состојките со миксер додека убаво да се изедначат. Потоа врз смесата просејте го пченкарниот скроб и повторно добро промешајте.




Обложете го садот за печење, тоа може да биде да калап за торти со димензија од 18-20 см или некој огноотпорен, каков имате. Обложете го садот со хартија за печење, па во него излејте ја приготвената смеса од јогурт, јајца и пченкарен скроб.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 35-50 минути во зависност од вашата рерна. Кога ќе се испече оставете да се олади на собна температура, а потоа уште 1-2 часа во фрижидер. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ. Слична смеса можете да приготвите и во солена варијанта со јајца, млеко и кашкавал, на следниот начин:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 1 лажичка сол, 300 мл млеко, 100 г кашкавал по избор, путер. ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата во подлабок сад со малку сол, па започнете да го додавате млекото во тенок млаз додека непрекинато матите.




Во добро изматената смеса додајте 100 г рендан кашкавал и промешајте за да се изедначи. Помал огноотпорен сад добро намастете го со путер, излејте ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути. Постапката за овој рецепт на Том Филос погледнете ја ОВДЕ.