Иако многумина ќе речат дека најважно им е детето да се роди живо и здраво, сепак, човечки е да се имаат одредени преференци кон полот на идното бебе – особено ако веќе имате поголем број девојчина, па би сакале следното дете да биде машко, или обратно.

Иако не постои сигурен метод кој ќе го осигура посакуваниот пол, постојат одредени техники кои можат да ги зголемат шансите за добивање на девојче или момче.

1.Кинеска карта

Иако научниците го оспоруваат овој метод, студиите покажале дека сепак, има преку 50% успешност. Според овој метод, елементите земја, воздух, оган и вода во духот на родителот можат да влијаат врз среќата и зачетокот на детето со одреден пол, а се пресметува врз основа на возраста на мајката во време на зачетокот, како и месецот на зачнувањето.

На овој линк можете да го пресметате предвидениот пол на детето, или пак да проверите дали воопшто функционирало за веќе роденото бебе.

2.Методот на д-р Ландрум Шетлес

Оваа техника има одредена научна поткрепа, а д-р Шетлес тврди дека има преку 80% успешност ако парот посака момче и околу 75% за девојче. Се темели на темпирање на сексот за време на овулација. Така, оние кои сакаат момче треба да го планираат сексот на самиот ден на овулација, додека оние кои сакаат девојче, планираниот секс треба да го направат три до четири дена пред овулацијата.

Шетлес тврди дека неговиот метод е точен бидејќи половата клетка гамет која носи Х хромозом и резултира со девојче е поголема и поспоро се движи, но подолго живее од Y (машкиот) хромозом, кој е помал, побрз и пократко живее.

Исхраната на потенцијалната мајка многу влијае на полот! Еве што треба да јадете:

3.Исхрана
Овој метод добива најмногу позитивни критики од „новопечените“ родители, а се темели врз верувањето дека исхраната на идната мајка најмногу влијае врз полот на детето бидејќи ја менува рН киселоста на репродуктивниот тракт. Y хромозомите, т.е., машките, најдобро успеваат во алкална средина, додека Х женските хромозоми повеќе сакаат кисела средина.

Па така, оние што сакаат машко, мајката треба да јаде многу месо, јајца и воопшто намирници богати со протеини. За девојче, мајката треба да јаде добра исхрана богата со калциум, риба, зелена салата … Според истражувањата, овој метод е успешен во околу 80% од случаите.

4.Метод 0+12

Овој метод го открила една австралијанска мајка која имала 6 синови и годините ги поминала во надеж дека ќе добие ќерка. Откако испробала бројни методи, одлучила да проба со секс точно 12 часа после овулација, која го мерела со ленти купени од аптека. Успеала, и после само еден однос добила девојче. Во текот на годините, овој метод се покажал како 70% сигурен.

5.Поза

Ова е еден многу популарен метод кој исто така се темели врз брзината на движењето на сперматозоидите. Киселоста на вагината го загрозува зачнувањето на момче, па оние кои сакаат да добијат машко бебе, треба да користат пози кои овозможуваат длабока пенетрација во периодот на овулација.

Погледнете го видеото: