Многу брзи и вкусни УШТИПЦИ…Лесни и меки…Секој може да ги направи…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 јајце
1 чаша топло млеко 200 мл
1 чаша топла вода 200 мл
1 кесичка сув квасец 10 г
1 лажица шеќер 20 г
1 лажичка сол 8 г
4.5 чаши брашно 540 г

И уште:
1 компир рендан
1 црвена пиперка
2 зелени пиперки
1 главица кромид
магдонос
80 г кашкавал
2 чаши масло за пржење (400 мл)

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад изматете го јајцето со виљушка или жица. Додајте ги сите наведени состојки за тестото освен брашното, па промешајте.

2.Постепено додајте го брашното и мешајте сѐ додека да сстане компактно и да нема грутчиња. Тестото е меко и лепливо, па затоа се меша само со лажица.

3.Покријте го и оставете го на топло да ферментира 30 минути или додека да го удвои волуменот. За тоа време исечкјате го ситно сиот зеленчук. Можете да додавате и зеленчук по ваш избор.

4.Стасаното месо промешајте го со лажица и додајте го зеленчукот и ренданиот кашкавал. Сето добро измешајте го за да се изедначи.

5.Наполнете го тестото во готварска кеса за полесно истиснување и пржење во маслото. Ако немате таква кеса, користете обична кеса, или пак, од тестото црпете со лажица, но секојпат пред црпнувањето натопувајте ја во врелото масло.

6.Загрејте го маслото на умерена температура и отсекувајте од тестото (како за тулумби) и спуштајте во маслото. Пржете ги уштипците додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/pXqjvBR08NU?si=u6H5h5juGE0MUZZQ