Фото и рецепт: Славица Георге

Потребни состојки:

-Црвени пиперки

-грав

-лук

-суво нане

-сол, масло

Постапка:

Едно лукче се толчи со сол.

Пиперките се печат, се собираат во кеса, па кога малку ќе изладат се лупат и се чистат од семките.

Се толчат во толчник.

Гравот се вари и се цеди течноста, или користите една конзерва грав, исцеден и убаво измиен.

Се’ се меша заедно, се посолува по вкус и се попарува со малку врело масло.