Не знаев како да го наречам овој колач, сè додека не го пробав првиот залак… Сите кои ги сакате класичните ледени коцки – пробајте ги и овие со вкус на мак – одлични се!

Потребни состојки:

7 белки
60 г шеќер
2 ванилин шеќер
150 г мак
50 г густин (Гуснел, пченкарен скроб)
2 лажици прашок за печиво
200 мл млеко

за крем:

7 жолчки
90 г шеќер
100 г густин
1 литар млеко
250 г путер или маргарин
50 г шеќер во прав
500 мл слатка павлака за шлаг
1 шлагфикс за шлагот

Постапка:

Белките изматете ги во цврст снег со еден прстофат сол. Шеќерот помешајте го со ванилини шеќер, па постепено во неколку наврати додадете го во снегот од белки со постојано матење за да може шеќерот целосно да се растопи.

Макот сомелете го, ставете го во сад, па помешајте го со скробот и прашокот за печиво, па полека со лажица додадете го во снегот од белки. Мешајте со црпење од долу, внимавајќи да остане смесата воздушеста.

Приготвената смеса излејте ја во намастен плех со величина 40х24 см и печете го во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Печениот бисквит оставете малку да излади, па прелијте го со 200 мл топло млеко.

За фил: На жолчките додадете им шеќер, густин и 100 мл ладно млеко, па добро промешајте за да добиете изедначена, мазна смеса без грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие.

Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган и со помош на жица вмешајте ја приготвената смеса со постојано мешање. Вратете го млекото на тивок оган и мешајте околу 1-2 минути додека да згусне кремот. Тргнете оф оган и оставете да излади до собна температура.

Омекнатиот путер заедно со шеќерот во прав измиксајте го, па додадете го во изладениот крем и уште еднаш измиксајте ги заедно за да се изедначат.

Кремот рамномерно распоредете го врз кората и израмнете. Колачот ставете го во фрижидер околу 30-тина минути за да се стегне кремот.

Слатката павлака изматете ја колку да почне да се згуснува, а потоа додадете шлаг фикс и уште кратко матете. Приготвениот шлаг нанесете го врз кремот, израмнете и вратете го во фрижидер на барем уште еден час. Украсете по желба.

Можете да го приготвите и како торта: