Потребни состојки за бела кора:
3 белки
3 лажици шеќер
3 лажици брашно
2 лажици масло
Потребни состојки за МАК кора:
3 белки
3 лажици шеќер
5 лажици немелен мак
2 лажици брашно
За крем:
500 мл млеко
1 пудинг од ванила
6 жолчки
7 лажици шеќер
200 г путер/маргарин
малку екстракт од ментол
За декорација:
1 шлаг крем од ванила
150 мл млеко
Постапка:
Испечете една бела кора и две кори со мак, во тепсија со величина 20х27 см на 200 степени околу 10 минути.
Изматете ги жолчките со шеќер, додадете пудинг и сварете во млеко на умерен оган, па кога ќе излади додадете изматен путер со екстракт од ментол.
Се реди: мак кора – фил – бела кора – фил – мак кора – шлаг
coolinarika.com