Компир со мелено месо: феноменален ручек за 30 минути! Ова е едно превкусно јадење кое ќе го зготвите за релативно кратко време. Не треба да се многу вешти, ова јадење можат да го приготват и почетници.
Вкусна компир манџа со мелено месо е топол оброк кој се јаде со лажица…Освен што е вкусно и здраво, ќе му годи и на вашиот стомак. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
500 г компир
350 г мелено месо
1 главица кромид
1 морков
2 црвени пиперки (150 г)
500 мл врела вода
200 г пасирани домати
50 мл павлака за готвење
зачини:вегета, магдонос, црвен пипер, црн пипер
Постапка:
Компирот исечете го на четвртинки, кромидот колку можете поситно, морковот на коцки, пиперките по желба.
Во поголема, длабока тава загрејте масло и пропржете го меленото месо кое веднаш ќе го зачинете.
Додајте кромид во месото и оставете добро да се пропржи со постојано мешање. Додајте го компирот и мешајте неколку минути, па додајте ги испасираните домати, магдонос, рендан морков..
По потреба долејте течност и оставете така да се динста околу 15 минути на умерено ниска температура, па додајте ситно сечкани пиперки, зачинете уште по потреба и додајте уште малку течност по потреба и малку неутрална павлака.
Оставете да се готви на ниска температура со повремено промешување додека компирот да омекне.