Совршен миризлив козињак (цуреки) – мек, ароматичен и на конци како од пекарница
Велигденските празници носат топлина, традиција и мирис на свежо печен козињак.
Овој ароматичен козињак, познат како „цуреки“, се издвојува по својата неверојатна мекост, растеглива структура и богата арома од портокал, мастика и махлеб.
Со внимателна подготовка и неколку мали трикови, ќе добиете резултат што по квалитет не заостанува зад професионалните пекарници.
Совет: Квалитетното брашно со повисок процент на протеини и правилното месење значително влијаат на структурата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


📝 Потребни состојки
За квасецот:
• 50 г свеж квасец
• 150 мл млака вода
• 100 г брашно
• 1 лажица шеќер
За тестото:
• 1.200 г брашно (12% протеини)
• 4 јајца + 1 јајце (за премачкување)
• 250 г шеќер
• 2 ванили
• 200 мл топло млеко
• 130 мл растопено масло
• кора и сок од 2 портокали
• 1 лажица рум
• 1 лажичка кардамон
• 1 лажичка махлеб
• 1 лажичка мастика во прав – зачин (по желба)
• ½ лажичка сол
• околу 50 мл дополнителна маснотија (за месење)
• филирани бадеми (за наросување)
(Опционално: локум или суво грозје за филување)


👩🍳 Постапка
1. Подготовка на квасецот:
Во длабок сад измешајте го квасецот со млаката вода, брашното и шеќерот. Оставете да одстои околу 15 минути, додека да се активира и запени.
2. Подготовка на смесата со јајца:
Во посебен сад изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте зачини по желба: ванила, кардамон, махлеб, мастика, кора и сок од портокал, како и рум.
Мешајте додека да добиете хомогена смеса.
3. Течна смеса:
Загрејте го млекото (да биде млако, не врело) и измешајте го со растопеното масло.
4. Замесување:
Во поголем сад просејте го брашното и додајте сол. Направете вдлабнатина и сипете ја смесата со јајца, активираниот квасец и млекото со масло.
Замесете меко, еластично тесто најмалку 20–25 минути, со постепено додавање на маснотија. Тестото треба да стане мазно и растегливо.
5. Прво нараснување:
Покријте го тестото и оставете го да нараснува околу 2 часа, додека да го удвои волуменот.
6. Формирање:
Поделете го тестото на топчиња, развлечете овални долгнавести кори, филувајте ги по желба, а можат да бидат и празни.
Свиткајте ги во тенки и долги ролати, па оформете плетенки. Оставете ги оформените козињаци да нараснат уште 1 час.
7. Печење:
Премачкајте со изматено јајце со малку млеко и наросете со бадеми.
Печете во претходно загреана рерна на 170°C околу 45–50 минути. По потреба покријте ги одозгора со лист фолија за да не потемнат премногу.
💡 Професионални совети за совршен резултат
• Користете квалитетно брашно со висок процент на протеини за подобра структура
• Долгото месење е клучно за „конците“ во козињакот
• Не брзајте со нараснувањето – трпението прави разлика
• Контролата на температурата (рерна, состојки) влијае на финалниот вкус и текстура.












