Говедскиот гулаш со црвено вино е класично домашно јадење „на лажица“ кое со причина со децении е дел од семејните трпези.
Долгото, тивко крчкање во тенџере, големата количина кромид, ловоровиот лист и доматот создаваат густ, ароматичен сос, а црвеното вино на самиот крај му дава длабочина, полнота и благороден вкус.
Ова е рецепт идеален за неделен ручек, студени денови и моменти кога сакате вистинско, заситно и сериозно домашно јадење.
Најубаво се служи со варен компир, пире или свеж домашен леб – за сосот да не остане ни капка, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Традиционален говедски гулаш со црвено вино, подготвен бавно и правилно, со совети за совршен густ сос и богат домашен вкус.

🥩 Потребни состојки
• 2 кг говедско месо (од бут)
• 500 г кромид
• 200 мл масло
• 100 мл црвено вино
• 100 мл мелени домати
• 2 ловорови листа
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• свеж магдонос (за посипување)
Старински рецепт за говедски гулаш со црвено вино, густ и богат сос, совршен за семеен ручек и студени денови. Детален и проверен начин на подготовка.

👩🍳 Начин на подготовка
1. Говедското месо измијте го, исцедете го и исечете го на средно големи коцки.
2. Кромидот исечкајте го на ребра.
3. Во поголемо тенџере загрејте го маслото, додајте го кромидот и динстајте го на умерена температура додека да омекне и стане стаклест.
4. Додајте го месото и пропржете го со мешање додека да ја промени бојата од сите страни.
5. Налејте вода колку да огрезне месото и варете на тивка температура, со повремено долевање вода, додека месото целосно да омекне.
6. Кога месото е меко, додајте ги мелените домати, солта, црниот пипер и ловоровиот лист, па варете уште околу 10 минути.
7. Пред самиот крај сипете го црвеното вино, промешајте и оставете да се крчка уште неколку минути, додека да испари алкохолот, а вкусот да остане заокружен и богат.
8. Тргнете од оган, посипете со ситно сечкан свеж магдонос и послужете топло.
✅ Совети за совршен говедски гулаш
• Колку подолго се крчка на тивок оган, толку месото ќе биде помеко и посочно.
• За погуст сос, последните 10–15 минути варете без капак.
• Црвеното вино секогаш додавајте го на крај за да се зачува аромата и да не се добие кисел вкус.
• Гулашот е највкусен кога ќе „одмори“ – следниот ден вкусот е уште поинтензивен.





































