ГОВЕДСКИ ГУЛАШ НА КРОМИД…Се топи во уста…прсти да излижеш…Многу вкусно јадење за секој период од годината…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г путер
50 мл масло
2 главици кромид
10 г лук
1 кг говедско месо
сол, црн и црвен пипер
50 г сенф
40 мл соја сос
100 мл вода
50 г скроб
100 мл вода
20 г магдонос
Прилог: компир пире
ПОСТАПКА:
1.Во широка тава растопете го путерот со маслото, па додајте го кромидот исечен крупно и рендано лукче.
Кога кромидот ќе омекне додајте го месото исечкано на коцки. Динстајте додека месото да ја промени бојата.
2.Посолете, запиперете по вкус, па додајте сенф, соја сос и вода. Промешајте, поклопете и гответе на тивок оган 45 минути.
Скробот растворете го во вода и сипете го месото. Додајте ситно сечкан магдонос, власец и билки по желба, па промешајте и гответе до посакуваната густина.
3.За прилог: сварете исечени компири (600 г) со малку зачини: рузмарин, магдонос, власец, ловоров лист, сол и вода (800 мл). Компирите се варат приближно 15 минути.
Испасирајте ги компирите со 80 г растопен путер, 60 мл топло млеко и 30 мл неутрална павлака, посолете и запиперете по вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.