Home закуска Елегантен ручек од пилешки џигер – вкусно, евтино и впечатливо јадење

Елегантен ручек од пилешки џигер – вкусно, евтино и впечатливо јадење

Пилешкиот џигер често е потценет, а всушност може да се претвори во рафинирано и визуелно привлечно јадење, достојно и за свечен ручек со гости.

Овој рецепт комбинира кремаста текстура, богати ароми и внимателно балансирани состојки, без скапи намирници или сложени техники.

Освен што е економичен избор, пилешкиот џигер е и природен извор на железо, витамини од Б-групата и протеини, што го прави одлична опција за оние што внимаваат на исхраната, но не сакаат да се откажат од вистински вкус, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🛒 Потребни состојки

За подготовка на џигерот:
• 800 г пилешки џигер
• 1 л вода
• сол (по вкус)
• 30 мл масло
• 50 г путер
• 1 главица кромид
• 1 главица црвен кромид
• 1 главица „шалот“ кромид (или помал, обичен)
• 1 страк праз
• 3 чешниња лук
• сол, црн пипер, сува пиперка
• 2 лажици цврст јогурт (кисела павлака – по избор)

За тестото:
• 250 г брашно
• 120 г омекнат путер
• сол (по вкус)
• 1 лажица цврст јогурт (кисела павлака – по избор)
• НМД

За кремастиот фил:
• 4 јајца
• сол (по вкус)
• 2 лажици мајонез
• 120 г рендан кашкавал
• свеж млад кромид

👩‍🍳 Постапка

Пилешкиот џигер измијте го и ставете го во тенџере со 1 литар вода. Додајте малку сол и варете додека да омекне, околу 10 минути. Исцедете и оставете да се подизлади.

Во широко тенџере или длабока тава сипете масло и додајте путер. Кога ќе се растопи, додајте ги ситно сечканите кромиди и празот.

Пржете на умерена температура додека да омекнат и да станат стаклести. Додајте го ситно сечканиот лук и кратко промешајте.

Пилешкиот џигер исечкајте го на помали парчиња, додајте го во тенџерето и зачинете со сол, црн пипер и сува пиперка. Додајте кисела павлака, поклопете и гответе додека да се соединат вкусовите, околу 10–12 минути.

Во меѓувреме, подгответе го тестото: во сад ставете брашно, путер и сол, па измесете тесто како трошки. Потоа додајте една голема лажица павлака за да добиете комапктно тесто.

Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 1 час.

Тестото развлечете го и ставете го на дното на округол калап, претходно лесно намастен.

Во посебен сад изматете јајца со сол, додајте мајонез и измешајте. Смесата соединете ја со подготвениот џигер. Истурете ја врз тестото, посипете со рендан кашкавал и свеж млад кромид.

Печете во загреана рерна на 180°C, околу 45 минути, додека површината да добие убава златна боја.

Зошто овој рецепт е толку баран?

Овој тип на домашно готвење е сè почесто пребаруван од луѓе кои инвестираат во квалитетна исхрана, подобра кујнска опрема, модерни рерни и практични кујнски решенија. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: