Габичната инфекција на нокти е сериозен проблем и мора навремено да се санира за да не дојде до влошување на состојбата. Постои еден природен лек за лекување на оваа состојба од народната медицина, а се приготвува од две состојки кои речиси ги има во секое домаќинство.
Куркумата има силно антисептично дејство и спречува развој и ширење на габичките кои најмногу се всадуваат на ноктите од стапалата. Во комбинација со сок од лимон, може да приготвите паста со која ќе ги уништите габичките.
Покрај тоа, таа ги храни кутикулите и ноктите, па благодарение на лимонската киселина ефикасно ги елиминира и жолтите дамки од ноктите. Еве како се приготвува овој природен лек: Потребни состојки: 1 полна лажица куркума во прав, 2-3 лажици свежо исецеден сок од лимон.
Постапка: Убаво промешајте додека да добиете еднолична мазна паста. Вака приготвената смеса нанесете ја на зафатеното место (претходно измиено) и оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете со топла вода. Повторувајте ја постапката секојдневно, еднаш до двапати, додека да се повлечат симптомите. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.
Напомена: За да се забрза процесот на излекување, се препорачува 20 минутно киснење на стапалата во солена вода во која сте додале 1-2 лажици јод и 2 лажици сода бикарбона. Во архивите на НМД имаме сочувано и еден стар, но ефикасен народен рецепт за лекување на сраснат нокт и габички за три дена.
Потребни состојки: 1 лажица кантарионово масло, 1 лажица брашно и 1 лажица шеќер во прав. Постапка: Измешајте ги состојките додека да добиете хомогена смеса. Добиената лековита смеса нанесете ја на прстот, завиткајте со газа и оставете да делува преку цела ноќ.
Постапката се повторува три ноќи по ред. На овој начин ќе се ослободите од габичките на ноктот, а за сраснат нокт потребно е постапката да се повторува повеќе пати. Постапката и деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ. Доколку ве интересира прочитајте го и следниот:
“Испробан лек за груби и испукани пети, дланки, калуси на стапала и грди нокти. Ова е одличен рецепт за груби дланки, испукани пети, калуси на стапалата и грди нокти на нозете. Делотворен е и проверен а потребни ви се само две состојки: глицерин и медицински алкохол 70%.
И двете состојки можете да ги купите од аптека. Потребни состојки: 50 мл глицерин и 50 мл медицински алкохол. Постапка: Помешајте еднакви делови од глицерин и 70% алкохол, во однос 1:1. Употреба: Со мешавината мачкајте се двапати дневно, наутро и навечер, на сите критични места.
Резултатите се видливи по само 10 дена. Петите ќе ви станат розови, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај. Ако сте го испробале рецептот и сте задоволни од резултатите, споделете го овој рецепт со вашите пријатели. Ако сакате да прочитате повеќе за оваа тегоба која се јавува поради габички на ноктите од стапалата, прочитајте го и следниот текст:
“Природен лек против габични инфекции на ноктите од нозете” – Габичките на нозете почесто се среќаваат кај мажите отколку кај жените, и тоа особено кај оние мажи во чија фамилија со генерации се јавува оваа инфекција. Факторите кои го зголемуваат ризикот од појава на габички на ноктите се:
Прекумерно потење, работа во влажна околина, користење на чорапи и обувки кои го отежнуваат “дишењето” на ногата и не ја впиваат потта, одење без обувки на влажни места како што се базени, теретани и јавни бањи, атлетско стапало, повреди на ноктите, дијабетес, псоријаза, проблеми со циркулацијата и ослабен имунолошки систем.
ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ГАБИЧКИ НА НОКТИТЕ. Многу е важно во лекувањето на габичките на ноктите да бидете истрајни, бидејќи резултатите може да согледаат дури после месец-два од лекувањето.
ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА. Многу е корисна и ефикасно домашно средство во борбата против габичките на ноктите. Потопете ги нозете во леген со 1 литар топла вода и половина шолја јаболкова киселина. Исто така, јаболковата киселина со помош на натопен памук можете да ја нанесувате на инфицираниот нокт трипати дневно, додека да се излекува.
ЛУК. Лукот е моќен природен антибиотик кој се користи за елиминација на габичките од нозете. % чешниња лук ставете во 100 мл вода да зовријат. Потоа водата истурете ја во легенот и додадете уште вода колку да бидат ноктите покриени. Нозете киснете ги 15 минути.
Постапката повторувајте ја секојдневно во текот на 4 седмици или додека да забележите подобрување. Во шишенце со проѕирен лак додадете 1 ситно сечкано чешне лук, 1 капка лимонов сок и 5 капки јод. Оставете да отстои две седмици. Потоа промешајте и 15 дена по ред нанесувајте по еден слој врз ноктите.
16. ден тргнете го слојот со ацетон. 17.ден повторете ја постапката додека фабичките да исчезнат. Исто така, можете иситнет лук директно да нанесувате врз ноктите и да го оставите да делува 30 минути. Стапалата мора да бидат чисти пред да ги примените овие методи на лекување.
СОЛ. Измијте ги нозете и не ги бришете, туку додека се влажни нанесете сол и облечете чорапи. Овој процес повторувајте го двапати дневно. МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВО. Најефикасниот природен лек за елиминација на габичките е етеричносто масло од чајно дрво.
Се нанесува директно врз ноктот, 2-3 пати дневно, додека да ги добиете саканите резултати. Пред да го употребите ова масло, бидете сигурни дека не сте алергични на масло од чајно дрво.