Паразитите во цревата се тема што често предизвикува страв и бројни заблуди, но според стручњаците, реалноста е значително поразлична од она што кружи по интернет.
Д-р Нина Булајиќ, специјалистка по медицинска микробиологија од Воено-медицинската академија (ВМА), во изјава за РТС открива кога навистина треба да се сомневаме на паразитска инфекција, кои симптоми се клучни и зошто самодијагностицирањето е погрешен чекор.

📉 Паразитите во Европа се сè поретки
„Кога зборуваме за паразитози на дигестивниот систем, тие се далеку почести во делови од светот со лоша санитарна заштита. Во Европа, а особено во Србија, нивната зачестеност драстично опаѓа“, објаснува д-р Булајиќ.
Според неа, паразитите најчесто се откриваат кај лица кои патувале во тропски региони, каде што тие се ендемски присутни.
Во нашите услови, најчесто може да се сретне Enterobius vermicularis, позната како мала детска глиста, додека пантличари и големи глисти се исклучително ретки.
🧪 Како се поставува точна дијагноза?
Присуството на паразити не може сигурно да се потврди без лабораториска анализа. Вообичаено се испитува примерок од столица, но кај некои паразити, како Giardia lamblia, потребни се три последователни примероци.
„Затоа е важно пациентите да не се лекуваат сами, туку да се обратат кај лекар кој точно ќе знае што и како да испита“, нагласува докторката.
⚠️ Симптоми кои може да укажуваат на паразити во цревата
Паразитските инфекции можат да имаат различни клинички слики, а не мора сите симптоми да бидат присутни кај секој пациент. Најчестите знаци вклучуваат:
• болка во стомакот
• проливи и пореметено варење
• крвави столици
• покачена телесна температура
• слаба апсорпција на хранливи материи
• јадеж околу а налниот отвор
• немирен сон и хроничен замор
👶 Карактеристичен знак кај децата
Кај инфекција со мала детска глиста, најпрепознатлив симптом е интензивен јадеж во а налната регија во текот на ноќта.
„Женката во текот на ноќта мигрира кон а налниот отвор и таму полага јајца, што предизвикува чешање, несоница и раздразливост кај детето.
Порано, педијатрите секогаш советуваа – ако детето е немирно и не спие, прво да се провери столицата“, објаснува д-р Булајиќ.
❗ Клучна порака
Надуеност, лошо варење и замор не значат автоматски паразити. Само лекар и лабораториска анализа можат да дадат точна дијагноза.












