Глуварчето е омилено полско цвеќе, неговите весели жолти цветови се предвесник на сончевите денови. Цветовите, а подоцна семето на глувачето се неизоставен дел од омилените игри на децата и пружаат прекрасна глетка кога ќе се распостелат на зелениот „тепих“. Но, дали знаевте дека целата билка од глуварчето е многу лековита?

Освен што од цветовите на глуварчето се добива превкусен и лековит сируп, попознат како „мед од глуварче“, неговите листови исто така, се користат во исхраната и за прочистување, а коренот на оваа билка веќе со векови се користи во традиционалната медицина. Во продолжение прочитајте кои се неговите својства и дејство врз здравјето, како и за неговата правилна употреба.

Глуварчето го помага варењето на храната исто како и сите други горчливи растенија, па доколку сте се прејале или сте изеле некои тешко сварливи намирници, за да одбегнете подување на стомакот и газови, најдобро би било да си сварите чај од оваа билка кој ќе ви помогне како одличен дигестив.

Особено го поддржува здравјето на бубрезите и црниот дроб, ја поттикнува детоксикацијата и го забрзува метаболизмот. Глуварчето е едно од најдобрите природни диуретици. Исто така, содржи фитохемикалии кои имаат антиоксидантни и антикоагулативни според според новите истражувања.

Според студијата објавена во списанието “Молекуларна биологија” 2019, глуварчето, особено коренот, може да биде корисен во заштитата од дијабетес. Содржи витамин Ц, но и реткиот витамин К, кои го зајакнуваат имунитетот, го одржуваат здравјето на коските и го регулираат згрутчувањето на кр-вта.

Сувиот корен глуварче се користи како чај, иако постои и во форма на суплемент, прав или екстракт. Како и со другите билни додатоци или суплементи, глуварчето постепено се воведува во исхраната. Не се препорачува за бремени жени и доилки, бидејќи неговото дејство врз оваа група луѓе сè уште не е испитано.

Правилно собирање на корен од глуварче за тинктура како лек за црн дроб (РЕЦЕПТ)

Веќе одамна е познато дека глуварчето има способност да го прочистува и регенерира црниот дроб, особено кога станува збор за замастен црн дроб. Делува како диуретик и исто така, се користи при заболувања како гихт за да се исфрли од телото уричната киселина која се таложи во зглобовите и создава кристали.

Покрај ова, со своите детоксикациски моќи, глуварчето ја одржува кожата чиста и мазна. Додека пак, со своите горчливи супстанции ја подоброви дигестијата и лачењето на дигестивни сокови.

Пишува билкарот Мартин Најдовски: Собирање на корен од глуварче. „Многу луѓе прават грешка при собирањето на коренот од глуварче. Пред сè квалитетот на една билка подготвена во форма на чај или тинктура зависи од тоа како е таа набрана, исушена и употребена.

Коренот од глуварче содржи млеко, а тоа млеко всушност лекува рак и други малигни заболувања. Многу луѓе го копаат коренот, па веднаш го сечат на парчиња и го ставаат да се суши. Со оваа постапка млекото испарува и коренот уште во стартот губи половина и повеќе од лековитоста.

Друга важна работа е како тоа е набрано. Коренот мора цел да биде откопан, непрекинат, бидејќи млекото ќе истече и не сте направиле ништо. Коренот мора да биде откопан целосно, да биде добро исчистен и измиен и да биде така целосен ставен да се суши.

Во тој случај млекото се суши во коренот и останува и сите негови лековити својства се зачувани. Ако приготвувате тинктура тогаш го сечете го и веднаш прелијте го со ракија, млекото ќе биде испуштено во ал-ко-холот. Како се прави тинктура од корен од глуварче?

Потребни состојки: 20 г корен од глуварче, 100 мл домашна ракија 40-50%

Постапка: состојките се затвораат во стаклено шише или тегла и се остава 21 ден со соекојдневно протресување. По изминати три седмици смесата се процедува и се пие по 20 капки, трипати дневно“, советува билкарот.

РЕЦЕПТИ

Чај: 1 супена лажица лист на 200 мл вода. Се попарува листот. Кисне 20 мин па се пие незасладен 3 пати дневно.

Може и следнава варијанта: еднакви делови лист и корен се промешуваат и се зема 2 супени лажици од смесата се полеваат со 500 мл зовриена вода. Стои 15-20 мин па се пие 2 3 шолји на ден. Варијанта 3: 1 супена лажица само корен на 250 мл вода.

Масло од цветови за масирање на болни мускули и болки во зглобовите но може и да се користи за сува кожа: Се собираат цветови од глуварче. Се измиваат, се оставаат да се исушат преку ноќ. Следното утро се полни една тегла со цветови од глуварче, лефтерно се ставаат да не се гмечат.

Теглата се дополнува со цветови да останат 2 прста слободни во теглата. Се додава маслиново масло да ги покрива цветовите. Се затвора и стои 15 дена (ако се остават подолго може да мувлосаат). Ова масло се чува на темно и се користи за масажа.

Чајна комбинација за чистење на организмот од токсини: една супена лажица лист од глуварче, една супена лажица лист од орев и една супена лажица коприва. Од оваа комбинација се земаат 2 супени лажици и се попаруваат со 500 мл зовриена вода. Стои 20 мин па се пие по 2 шолји за чистење на организмот како детокс.

Чајна комбинација кај малигни заболувања (рак, тумори и цисти): Еднави делови коњско опавче, корен од глуварче, ајдучка трева, пелин (бел пелин), црвен кантарион. Две супени лажици од оваа комбинација се прелеваат со 500 мл вода. Стои 20 мин па се пие 2 шолји дневно.

После 1 недела од конзумирање се прави пауза од 5 дена па се повторува уште 7 дена пиење па 5 дена пауза. Постапката се повторува до излекување. Овој микс ги уништува малигните клетки, помага за создавање нови кр-вни зрнца, го јакне организмот и врши детокс на истите.

Оваа комбинација се има добро покажано кај почетен стадиум на леу кемија и паразити во организмот. Од глуварчето може да се подготви и сируп, од цветот кој помага многу кај кашлици и јакнење на организмот. Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лековите, можете да го прашате Mартин на неговата фан страница Лилма.