Царската пита е еден од оние класични солени рецепти што никогаш не излегуваат од мода. Брза за подготовка, економична и совршена за појадок, вечера, гости или семејни прослави.
Овој проверен рецепт за царска пита дава мека структура одвнатре и убава златна кора однадвор – без компликации и со состојки што најчесто веќе ги имате дома, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Проверен и лесен рецепт за царска пита со јогурт, шунка и сирење. Брза подготовка, совршена текстура и одличен вкус – идеална за секоја пригода.

🧺 Потребни состојки
• 4 јајца
• 1 шолја (2,5 дл) масло
• 1 шолја јогурт
• 2 шолји брашно
• 1 прашок за печиво
• 200 г шунка
• 200 г сирење
• 200 г кисела црвена пиперка
• 200 г кисели краставички
• НМД
Оваа царска пита ја правам секогаш кога ми доаѓаат гости


👩🍳 Постапка
1. Во длабок сад изматете ги јајцата со миксер додека да добиете пенеста смеса.
2. Сипете го маслото и додајте го јогуртот, па кратко промешајте.
3. Додајте го брашното и прашокот за печиво и мешајте додека да се добие хомогена смеса без грутки.
4. Шунката, сирењето, киселата црвена пиперка и киселите краставички ситно исечкајте ги и додајте ги во смесата.
5. Со лажица внимателно измешајте додека сите состојки рамномерно да се распределат.
6. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење.
7. Печете во загреана рерна на 200 °C околу 40–45 минути, додека царската пита убаво да порумени.
8. Оставете да се излади, па исечете на коцки и послужете.





































