Оваа торта е многу вкусна, едноставна и брза! Кога ќе ви се пријаде нешто слатко, ви го препорачувам овој десерт. Овошјето можете да го користите по желба, она што го сакате или што го имате дома.
Потребни состојки:
600 г плазма
700 мл јогурт
500 г малини
8-10 лажици шеќер
200 г чоколадо
100 мл слатка павлака
Калапот можете да го одберете по ваша желба, може да биде тркалезен, четвороаголен или долгнавест правоаголен. Од величината на калапот ќе зависи и дебелината на колачот.
Постапка:
Во подлабок сад изкшете 300 г бисквити. Додадете 300 г мелени бисквити и 8-10 лажици шеќер, по вкус. Промешајте.
Во смесата додадете 700 мл јогурт. Користете некој поквалитетен, со подобар вкус. Промешајте со лажица.
Добиената смеса поделете ја на два еднакви делови. Во едниот дел додадете 500 г малини и промешајте. Во вториот дел додадете 100 г растопено чоколадо, па исто така промешајте за да се изедначи.
Во калаопт обложен со проѕирна фолија, најпрво рамномерно распоредете го делот со малините и израмнете, а потоа нанесете го и чоколаниот дел. Израмнете и оставете во фрижидер да се стегне и излади 2 часа.
Потоа тортата извадете ја од калапот врз тацна за послужување, па декорирајте со чоколадна глазура, малини и мелени бисквити. Деталите можете да ги погледнете во видеото: