Иако ова е доста популарен рецепт – многумина веќе го користат, голем број си имаат и свои помали или повеќе доработени верзии, но сепак ќе го објавиме. Ако ништо друго, да ги потсетиме оние што го подзаборавиле. Наједноставниот колач за приготвување од јаболка.
Потребни состојки:
3 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици масло
12 лажици млеко
15 лажици брашно
1 прашок за печиво
½ кг јаболка
Шеќер во прав за наросување, цимет
Постапка:
Направете смеса од јајца, шеќер, брашно, масло, млеко и прашок за печиво. Јаболката изрендајте ги и по желба додадете цимет (некои не ставаат).
Половина од смесата излејте ја во калап и ставете да се пече 15-тина минути на 180 степени.
Потоа извадете од рерна, па врз кората наредете рендани јаболка, а врз нив втората половина од смесата, па вратете во рерна и печете уште 10-тина минути.
Печениот и изладен колач наросете го со шеќер во прав.