Пејрониевата болест претставува голем емотивен терет за мажите.
Иако не станува збор за еректилна дисфункција, многумина заболени истакнуваат дека станува збор за уште потешка болест која на почетокот збунува, а како што се развива болеста, мажите почнуваат да чувствуваат срам и многу често депресија, што потоа се одразува и на односите со партнерот, односите со фамилијата, а долгорочно и во поширокото опкружување на заболениот.
Пејрониевата болест се манифестира како закривеност на пенисот за време на ерекција, поради што сексуалниот однос е отежнат и болен. Поради интимната природа на болеста, не е ни чудно што за неа многу малку се зборува, бидејќи многумина мажи чувствуваат срам и неволно зборуваат за тоа иако Пејрониевата болест има големо влијание врз машката самодоверба и здравје.
Оваа болест ги погодува мажите од 40 до 60 годишна возраст, за која во поново време се појавија нови и неинванзивни методи за лекување кои можат да придонесат за намалување на закривеноста на пенисот и ублажување на болката, а со самото тоа и враќање на самодовербата.
Причини и симптоми на Пејрониева болест
Се проценува дека од 3% до 7% од машката популација заболува од оваа болест, но бројката може да биде многу поголема. Причините за појава на Пејрониева болест се’ уште не се познати, но најчесто се споменува траума која може да дојде во текот на половиот однос. Пејрониевата болест се карактеризира со создавање на колагенска плака или сврзно ткиво – лузна на коренот од пенисот.
Самата плака не е видлива, но може да предизвика искривување на пенисот во ерекција, што може да предизвика значителна неугодност и болка. Пејрониевата болест може да предизвика и други проблеми кај заболените, како што се проблеми со ерекцијата, како и скратување и стеснување на пенисот.
Повеќето мажи ги погодува на возраст од 40 до 60 годишна возраст, иако може да се појави во било која возраст. Малку е веројатно дека болеста ќе се повлече сама од себе, а состојбата со текот на времето може да се влоши. Меѓутоа, лекувањето не мора да биде нужно ако болеста не влијае врз половата функција или ако не влијае значајно врз квалитетот на животот. Во поретки случаи состојбата се подобрува без никакво лекување.
Лекување на Пејрониева болест
Ако постои сомнеж за Пејрониева болест, заболените треба да извршат преглед кај лекар специјалист уролог, по можност субспецијалист андролог. Иако засега не постои лек за Пејрониева болест, достапни се некои постапки кои можат да придонесат за намалување на закривеноста на пенисот и ублажување на болката, а се делат на минимални инвазивни, т.е. нехируршки постапки, и хируршки интервенции, односно операции.
Нехируршките методи на лекување вклучуваат понов третман за инјектирање на лекот со колагеназа клостридиум хистолитикум во колагенскиот плак кој е причинител за искривување на пенисот. Во зависност од степенот на закривеноста, оваа постапка може да користи за ублажување на болката и намалување на закривеноста на пенисот.
Постојат и дополнителни, нехируршки методи на лекување, за кои, за жал, кај повеќето недостигаат научни докази за намалување на закривеноста, се состојат од консумација на лекови како и лекување со методот тракција, која делува на принцип механичко растегнување на плаката со помош на направа за растегнување која се носи неколку часови на ден.
Постојат повеќе хируршки методи кои се користат како постапки за лекување на Пејрониева болест. Повеќето се применуваат кај мажи кај кои болеста е во стабилна фаза и кај кои закривеноста на пенисот оневозможува полов однос и нормален живот, како и кај мажи со Пејрониева болест кои имаат еректилна дисфункција.