Овој чај го намалува апетитот и одличен е доколку сте на некоја рестриктивна диета, а имате проблем со совладување на гладот.
Ако го испиете навечер наместо да ја изедете вечерата, нема да чувствувате глад и ќе заспете со чувство на ситост, иако никаква храна не сте ставиле во уста.
Со право овој чај се нарекува специјален дар за сите љубители на здравата храна. Сите состојки на овој чај се природни, а главната карактеристика е тоа што го намалува апетитот.
Потребни состојки:
500 мл вода
1 лажица рендан ѓумбир
2 ловорови листови
½ лажичка семе од ким
½ лажичка цимет во прав
Постапка:
Измешајте ги сите состојки освен циметот, па ставете на оган да се вари околу половина час на умерен оган.
Тргнете од рингла, додадете цимет, па оставете 5 минути да посизлади. Процедете и испијте го.
Препорака:
Сварете еден литар чај или повеќе одеднаш, а потоа по потреба загревајте го кога ќе почувствувате глад, односно кога ќе сакате да го консумирате.
Вкусот на чајот можете да го менувате, а најмногу зависи од количината на состојките кои ќе ги ставите. Па така на пример, доколку не го сакате вкусот и мирисот на циметот, оваа состојка можете да ја одземете.
Количината на ѓумбирот и ловоровите листови е дадена како минимална доза и не смеете да ги исклучите од рецептот, но смеете да ја зголемите нивната количина. Сепак, не се препорачува премногу ловоров лист, бидејќи чајот може да биде со многу силен вкус, па да ви биде непријатен за пиење.