Ја нарекуваат и намирница на иднината, бидејќи поседува исклучително лековита моќ за човековиот организам.

Аронијата ефикасно го прочистува човековиот организам од штетни материи и тешки метали и затоа е корисна превентива против малигните заболувања.

Бројни студии укажуваат на тоа дека аронијата има антиканцерогено дејство, бидејќи во голем процент “ги убива” малигните клетки на туморот на мозокот, белите дробови, дојките, дебелото црево и црниот дроб.

Како исклучителен антиоксиданс, аронијата спречува создавање на слободни радикали и “напад” на здравите клетки во телото и крвната плазма, успортувајќи го на тој начин стареењето на организмот и спречувајќи развој на хронични болести.

Потенува од Северна Америка, од каде е пренесена во Европа. Северноамериканските доморотци ја користеле аронијата како храна и лек.

После експлозијата во Чернобил, користена е за ублажување на последиците од радијација во што била и повеќе од успешна, а за таа намена се користи и денес.

Со оглед на тоа дека таа е елиминатор на тешки метали од човековиот организам, многумина ја сметаат и како лек од аерозагадувањето, но и од тешките метали кои ги внесуваме преку исхраната.

Според ORAC и TEAC стандардите, аронијата има најмногу антиоксидативно делување од сите бобинки и јаткасти плодови.

Аронијата има три врсти на плодови:

– Црноплодна аронија (aronia melanocarpa)
– Црвеноплодна аронија (aronia arbotifulia)
– Лилавоплодна аронија (aronia prunifolia)

Кај нас може да се пронајде темноцрвената аронија (Aronia arbutifolia), виолетовата аронија (Aronia prunifolia) но и Сибирската црна аронија, претежно во места каде што се одгледува расте во насади.

Што лекува аронијата?

Плодовите на Аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот,спречува појава на катаракта. Аронијата исто така штити од UV зрачење, има способност да на себе ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот.

Вредноста на аронијата:

Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество биофеноли, танин, флавонид, антоцијани. Изворот на витамини е огромен почнувајќи од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е заедно со минералите како калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор. Ваквата содржина е доволен доказ дека зборуваме за вистинска витаминска бомба.

Глава – ја подобрува циркулацијата на крв во крвните жили на главата и помага при главоболка и мигрена.

Ендокрини жлезди – придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го подобрува и го регулира излачувањето на нејзините хормони, затоа е одлична за лекувањето од гушавост.

Крв и крвни садови – ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот во крвта и помага кај воспалени и проширени вени.

Желудник – ги намалува болките и грчевите во желудникот, особено е добар за сите што страдаат од чир на желудник.

Црева – освен што ги смирува болките и грчевите на цревата, одлична е за запирање на проливот.

Панкреас – ја подобрува неговата работа и излачувањето на жолчката. Му помага на панкреасот во неутрализирањето на штетните материи.

Како се употребува

Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем. Се користат и суви, а и замрзнати плодови.

Сокот од овошје на аронија ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично, има благопријатно дејство врз тироидната жлезда, го намалува нивото на холестерол во крвта, има диуретичен ефект, а поради високата содржина на витамини аронијата е идеална билка за зголемување на имунитетот.

Напитокот од кората на билката пак го намалува крвниот притисок.

Исто така се верува дека билката помага при рак и штити од радијација при работа со компјутери и професии поврзани со зрачење.

Плодот од аронијата може да се употребува како:

-свежо овошје – права витаминска бомба
-сушено овошје – во кекси, мусли, во јогурт и слично.
-чај од ливчињата
-компот
-сок од аронија – 100% природен и здрав
-мармалад од аронија
-вино од аронија.

Најздравите квалитети на аронијата се задржуваат и при изработка на слатко, вино и ликер.

Колку аронија треба да јадете?

Експертите препорачуваат да јадете 3 пати во денот по 5 зрна аронија или пак еднаш на ден по 15 зрна.

Малите темни плодови може да се замрзнат, но ако не стигнете да ја консумирате свежа или сакате да ја конзервирате за остатокот од годината, се препорачува сок, дури и мала чаша на ден е доволно за одржување на здравјето.

За лекување на потешки болести се препорачува консумација од 200 до 300 г на ден.

Аронијата е богата со антиоксиданти, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамините Б, Ц и Е. Поради високиот процент на антиоксиданти и витамините Ц и Е, аронијата делува антивирусно, антибактериски и антивоспалително.

Аронијата е богата со антиоксидантот антоцијанин кој го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од рак и го успорува стареењето.

Аронијата поволно делува врз работата на желудникот. Ја стимулира работата на штитната жлезда, па особено им се препорачува на лица со хипотиреоза. Аронијата спречува појава на кардиоваскуларни болести.

Ова овошје го намалува високиот крвен притисок и холестерол и поттикнува производство на добар холестерол.

Аронијата ја стимулира работата на црниот дроб, помага при камења и воспаление на жолчно кесе. Поволно влијае и врз дигестивниот тракт – ги смирува грчевите и болките во цревата, го намалува воспалувањето на слузокожата на цревата и ја сопира дијареата.

Ова овошје можеме да го пронајдеме во многу производи за слабеење, бидејќи помага во одржувањето на идеалната телесна тежина. Истражувањата на руските научници покажуваат дека аронијата овозможува исфрлање на тешките метали како и на некои радиоактивни материи од организмот.