Home Нутриционизам Што му направи креатинот на моето тело? Искрено искуство на наградувана диететичарка

Што му направи креатинот на моето тело? Искрено искуство на наградувана диететичарка

Креатинот во последните години доживува вистински подем. Го користат олимписки спортисти, го промовираат фитнес-инфлуенсери, а јавноста сè уште го памети моментот кога Новак Ѓоковиќ побара креатин среде меч – потег што, според многумина, одигра клучна улога за неговата издржливост.

Но што се случува кога креатинот не го зема професионален спортист, туку врвна здравствена експертка во средни години?

Токму тоа решила да го открие Лорен Манакер, магистер по нутриционизам и наградувана диететичарка, која за списанието Prevention го споделила своето искуство по 30 дена секојдневно користење креатин – и резултатите, како што вели, биле далеку од очекуваните.

Години наназад креатинот го сметав за суплемент резервиран за бодибилдери и фитнес-инфлуенсери, а не за некој како мене.

Се фокусирав на балансирана исхрана, редовна физичка активност и сон. Но решив, во име на науката, да го пробам. И – бев шокирана“, признава Манакер.

Како го користела креатинот?

Планот бил едноставен:
✔️ 5 грама креатин секое утро, растворен во малку сок од портокал
✔️ Без промени во исхраната или тренинзите
✔️ Период од еден месец

По околу четири недели, таа забележала суптилни, но јасни промени.

Физички ефекти: повеќе сила, побрзо закрепнување

Во теретана, вообичаените тренинзи почнале да ѝ изгледаат полесни.

– Имала повеќе енергија за последните повторувања
– Побрзо закрепнување
– Значително помала мускулна болка следниот ден

Не станав побрза, ниту подигав значително потешки тежини. Но чувствував стабилност и мал, тивок поттик на кој почнав да се потпирам.“

Најголемото изненадување: ефектот врз мозокот

Она што најмногу ја изненадило немало врска со мускулите.

Менталната магла што ја поврзував со перименопаузата почна да исчезнува. Мислите ми беа појасни, полесно се концентрирав и се чувствував поприсутна во разговорите.“

Ова искуство ја поттикнало дополнително да ги истражи научните придобивки од креатинот.

🧬 Здравствени придобивки од креатинот – што вели науката?

🔹 Поддршка за мускулна маса и сила

Креатинот ја зголемува продукцијата на ATP – главната енергетска „валута“ во телото. Особено е значаен кај постари лица, бидејќи може да помогне во борбата против саркопенија – губење на мускулна маса со стареењето.

🔹 Подобрување на когнитивните функции

Мозокот троши околу 20% од вкупната енергија на телото. Истражувањата покажуваат дека креатинот може да придонесе за:

• подобра концентрација
• подобро краткорочно паметење
• појасно размислување, особено при замор и недостиг од сон

🔹 Поддршка за здравјето на коските

Новите студии сугерираат дека креатинот, во комбинација со вежби со оптоварување, може да придонесе за поголема густина на коските, што е особено важно за жените по менопауза.

🔹 Потенцијална поддршка за менталното здравје

Некои истражувања покажуваат дека креатинот може да:
• го подобри одговорот на терапија кај депресија
• ја поддржи енергетската рамнотежа во мозокот

Важно: креатинот не е замена за терапија, туку можно дополнување – секогаш во консултација со лекар.