Направете ги познатите „ледени коцки“ на малку поинаков начин. Ќе ви претставиме две верзии од него, првата е без печење, а главната состојка на белиот кремаст фил е кокосот, а втората е класичниот начин, со мек пандишпан кој треба да го испробате поради загарантираниот неодолив вкус. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за подлога: 300 г мелени бисквити, 200 г рендано чоколадо за готвење, 100 мл млеко. ЗА ФИЛ: 500 мл млеко, 80 г гриз, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г шеќер, 200 г кокосово брашно, бело чоколадо по желба. За глазура: 100 мл слатка павлака, 100 г чоколадо за готвење, 1 мала лажичка кокосово масло
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквит: 4 јајца, 150 г шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 75 г брашно, 150 мл млеко за натопување на печениот бисквит. ЗА ФИЛ: 500 мл слатка павлака, 100 г крем сирење, 100 г кокосово брашно, 1/2 кесичка желатин. И уште: 150 г чоколадо и 2 лажици масло
ПОСТАПКА за приготвување на рецепт 1: помешајте ги мелените бисквити со чоколадото, додајте млеко и соединете. Приготвената подлога распоредете ја на дното од помал калап. Загрејте го млекото со шеќерот, додајте ванилин шеќер и гриз (едно бело чоколадо по желба) и сварете го со непрекинато мешање.
Кога ќе згусне додајте го кокосот и промешајте. Оставете да се подизлади, па филот распоредете го врз подлогата. За подготовка на глазурата треба да ја загреете слатката павлака без да ви зоврие, па да го вмешате чоколадото и да мешате додека да се растопи.
Прелијте преку колачот и оставете 3 часа во фрижидер додека да се стегне и олади. Следи постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА за приготвување на рецепт 2: одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги пенасто, додајте шеќер и ванила, па матете додека шеќерот да се растопи и да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе се преврти.
Додајте ги жолчките една по една и уште малку имзтатете. Потоа намалете ја брзината на миксерот и започнете постепено да ги додавате сувите состојки: брашното, какаото во прав и прашокот за печиво.
Смесата сипете ја во подготвен калап 30х25 см обложен со хартија за печење. печете го во загреана рерна на 180 степени. Бисквитот е печен кога ќе започне да се одвојува од страниците на калапот. Врелиот бисквит прелијте го со ладно млеко и оставете да се лади.
Желатинот прелијте го со 2 лажици вода и оставете да набубри. Потоа растопете го во микробранова печка или на тивок оган. Крем сирењето изматете го со 100 мл слатка павлака. Додајте го желатинот и кратко изматете.
Остатокот, 400 мл слатка павлака изматете ја пенасто, па додајте ја смесата од крем сирење и повторно изматете, но внимавајте да не ја прематите смесата зашто ќе стане путереста. Доволно е колку да згусне како шлаг.
Смесата распоредете ја преку оладениот бисквит. Растопете го чоколадото со масло, па прелијте преку колачот. Декорирајте по желба и пред послужување добро оладете. Рецепт на Вукица. Ако сакате да ја направите посната верзија која воопшто не заостанува зад оваа, рецептот прочитајте го ОВДЕ.