Ладните прсти на рацете и нозете се многу честа појава особено кај жените и не мора да значат ништо посебно. Меѓутоа, ова може да биде и знак за некои сериозни здравствени проблеми, па доколку забележите дека пречесто и предолго ви се случува, најдобро би било да се посоветувате со вашиот лекар.

ДИЈАБЕТЕС

Освен што често ви се студени дланките, понекогаш во стапалата и дланките чувствувате трпки – тоа би можеле да се првите знаци за дијабетес. Последиците може да се одразат на кр-вната слика, но и нервниот систем.

Како дијабетот влијае на стапалата?

Со текот на времето дијабетот може да предизвика нервни оштетувања, односно дијабетична невропатија. При ова нарушување пациентите чувствуваат морници (односно ладни трпки, како боцкања од иглички) и болки во екстремитетите, а понекогаш се случува и губење на чувството во нозете, особено во стапалата.

Кога ќе го загубите чувството во стапалата, најверојатно нема да ги забележите евентуалните повреди кои водат до помали или поголеми ранички. Ваквите ранички можат да станат добра „подлога” за инфективните микроорганизми, па екстремно да се зголеми ризикот од инфекции.

Дијабетот може значително да ја наруши циркулацијата на кр-вта во нозете и стапалата, па недоволните количества на к-рв која носи леукоцити и хранливи материи потребни за регенерација, водат до неможност за соодветно лекување на раната, но и на евентуалните инфекции. Некогаш, посериозните инфекции доведуваат до развој на гангрена или чиреви на стапалата.

ШТИТНА ЖЛЕЗДА

Успорената работа на штитната жлезда доведува до успорување на метаболизмот, а често е проследена со студени дланки и стапала. Умор, неволност, честа поспаност, успореност на телото и движењата, како и слабо поднесување на високи температури се сигурни знаци на ова пореметување.

Симптомите и знаците за заболена тироидна жлезда се поделени на две групи – едната се проблеми кога штитната жлезда е преактивна и втората кога е помалку активна.

Симптоми за хиперактивна тироидна жлезда:

На прво место е зголемената срцева акција, односно тахикардија, срцебиење, што е постојано и во текот на денот и во текот на ноќта, придружено со обилно потење и губиток на телесна тежина.

Губитокот на тежина често пациентите не можат да го објаснат бидејќи тие го зголемуваат внесот на храна, односно имаат зголемен апетит, а тежината паѓа. Може да се јави и тресење на рацете, тремор.

Се работи за ситно тресење за разлика од тресењето кај старите лица кое е крупно. Се јавуваат промени и на кожата таа е потна, црвена. Косата почнува да паѓа, кај жените изостанува менструацијата и кај одреден тип од овие заболувања на хиперфункција се јавуваат и очни промени, односно очните јаболка излегуваат надвор од очните дупки што стручно се означува како егзофталмус или испакнување на очите.

Доколку болеста не се препознае и не се лекува таа се влошува, а доколку не се интервенира може да заври см-р-тно. Кај оваа група има промени и во однесувањето, луѓето стануваат нервозни, лесно доаѓаат во конфликт, сонот е дефицитарен.

Симптоми за помалку активна тироидна жлезда:

Симптомите од втората група на заболувања на штитната жлезда кога таа не работи доволно или не испорачува доволни количества на тироидни хормони. Луѓето почнуваат да добиваат на тежина, отоци кои најчесто се изразени на лицето и тоа најмногу наутро.

Отекуваат очните капаци, усните, потоа потколениците, а во запуштени случаи може да отече и стомакот. Се менува говорот, односно бојата на гласот кој станува пискав, старечки, од женски станува машки, непријатен за слушање и што е најважно зборувањето станува отежнато, односно многу помал број зборови во единица време може да се изговорат, се заборава и пациентите многу бавно зборуваат и тешко ги искажуваат мислите.

топлите чорапи обезбедуваат пријатен сон

Паралелно со ова се јавува и голема потреба од сон во текот на деноноќието. Луѓето најголемиот дел од денот го поминуваат во кревет затоа што немаат енергија да ги обавуваат секојдневните функции.

Што се однесува до пулсот, во споредба со претходната група, станува бавен, спор и честопати може да направи и застој во пулсациите. Доколку се запуштат овие случаи тогаш добиваат облик на „месечесто“ лице, се дебелат, влакната по телото се губат, кожата станува груба, како слоновска и тогаш станува збор за краен стадиум на болеста.

АНЕМИЈА

Покрај ладните стапала и дланки, честопати се чувствувате уморно, имате главоболка и се чувствувате изнемоштено. Доколку ги имате овие знаци, време е да ја проверите кр-вната слика, бидејќи веројатно ви недостига железо.

Железото е главната состојка на хемоглобинот, молекулата која го пренесува кислородот и на кр-вта и ја дава црвената боја. Значи, ладните екстремитети би можеле да бидат знак за анемија, односно слабокр-вност.

СТРЕС

И стресот може да биде причина за ладни раце и нозе. Стресот го зголемува нивото на адреналин кој пак ги стеснува кр-вните садови и ја успорува циркулацијата, па затоа дланките и стапалата ви стануваат студени.