Фотографија и рецепт на Nada Lauco (баба Наде). Медена торта на мој начин од стариот тефтер.
Потребни состојки: 1 јајце, 150 г шеќер, 1 лажичка сода бикарбона, 30-50 г путер или свинска маст, 3-5 лажици млеко, 3 лажици мед, 400-500 г брашно, *може и 1 лажица какао ако сакате потемни кори, не е наведено во рецептот
За фил: 500 мл млеко, 7 лажици шеќер (може 5 лажици + 1 полна лажица мед), 7 лажици гриз, 150 г мелени ореви, 250 г путер / маргарин и 4 лажици шеќер во прав. За глазура: 100 г чоколадо за готвење и 2-3 лажици масло. За декорација: мелени ореви, шлаг или по желба
Постапка: Во подлабоко тенџере се става 150 г шеќер, 3 лажици мед, едно јајце, 5 лажици млеко, 30 г свинска маст, 1 мало лажиче сода бикарбона.
Сето ова се става на ладна рингла и се пушта на јачина 2 (на умерен оган). Се меша постојано со дрвена лажица и се внимава да не загори. Се меша додека да се добие боја на карамела.
Се трга на страна, се додава 500 г брашно. Прво се меша со лажица, а потоа кога ќе се впие и подизлади се месе со рака, убаво да се соедини. Тестото се дели на четири топки и секоја топка се расукува во кора.
Плехот се става во рерна да се загрее, па се вади и се намастува и малку се набрашнува но од опачината. Врз него ќе се печата корите, една по една или две по две (јас ги печев две по две).
Корите се печат кратко, околу 5 до 7 минути, со голем нож се слизнува на маса со чаршав и хартија. Бидејќи корите се печат на опачината од плехот, треба да внимавате да не се изгорите.
За фил: 500 мл млеко со 7 лажици шеќер се става на оган да се загрее, па се додава 7 лажици гриз, се вари и се додава 150 г мелени ореви. Се остава да излади.
Во една вангла се мати едно пакетче путер (250 г) со 4 лажици шеќер во прав и се соединува со изладениот фил. Се филуваат корите една врз друга, одозгора се полива со чоколадна глазура, а од страните се лепат мелени ореви. / Фотографија и рецепт на Nada Lauco (баба Наде)