Ова е проверено ефикасен рецепт, бидете упорни и ќе се ослободите од еден голем проблем со кој многумина се среќаваат а тоа е здебелување на кожата од стапалата. „Волчјо око“ (клавус) е задебелување на кожата кое обично се јавува на стапалото, во предел на малиот и домалиот прст.

Има тврдо средиште па потсетува на „волчјо око“ и оттаму го носи називот. Местото на кое се наоѓа „волчјото око“ е болно на допир и притисок, па при одење и носење обувки се чувствува болка и навистино чувството е непријатно.

Исто така може да се јави на пета, на други прсти и на табаните. После многу природни методи за лекување на клавус, издвојуваме еден ефикасен и многу едноставен рецепт со кој ќе го елиминиpате „волчјото око“ и останатата тврда кожа.

РЕЦЕПТ

Верувале или не, сè што е потребно за овој рецепт се листови од чувар куќа и фластер. За билката Чувар куќа имаме многу пишувано. Тоа е исклучително корисна билка, а не бара никакво внимание и грижа. Најчесто ја наоѓаме на карпести места, ѕидови, или како домашно одгледувана во лонци или на кров од куќа.

Упатство: земете еден лист чувар куќа па отстранете ја тенката кожичка која го опкружува од едната страна.

Потоа ливчето ставете го на клавусот така што страната без кожичка ќе биде врз него. Залепете го фластерот преку листот и оставете го цел ден (или ако забележите дека брзо се суши, тогаш сменете го со нов, свеж лист), па навечер заменете го со нов лист и фластер.

Не пропуштајте да го носите фластерот навечер и преку спиење, бидејќи тогаш билката има најголем ефект. За неколку дена, најчесто за 3-4, „волчјото око“ ќе исчезне заедно со коренот, а неговото место ќе го замени здраво ткиво.

Ова е стар и испробан рецепт кој навистина дава резултати за многу кратко време. Бидете упорни и не се откажувајте после првиот ден и упорно менувајте ги фластерите. Резултатите се сигурни и потврдени од многумина кои го испробаа овој метод.

За 3-4 дена тврдиот клавус (жуљ) ќе ви падне од стапалото со оваа облога – рецепт на билкарот М.Најдовски

Рецепт на билкарот Мартин Најдовски. За повеќе информации можете да му се обратите на неговата страница Лилма. За да го приготвите овој лек потребно е редовно да ставате облога од бршлен во текот на 3-4 ноќи или додека да отпадне коренот на клавусот.

ЛЕК ЗА КЛАВУС (ЖУЉ) – Според Мартин Најдовски

Се зема околу 1 полна рака свежи листови и стебло од бршлен. Се варат во 1 литар вода неколку минути (околу 5-10 минути). Потоа се трга на страна смесата и се остава до изладување.

Кога сосем ќе се излади, навечер на една крпа се става малку од чајот и од листовите и стеблата (од сè по малку) и се става на ногата како облога, се фиксира со една фолија колку да не истече чајот и се спие.

Утрото само се измива ногата и се нанесува секоја вечер додека да падне, обично за 3 до 4 дена паѓа. Бидете упорни – вели Мартин Најдовски.

КЕРАТОДЕРМИИ

Кератодермии се заболувања што настануваат со задебелување на рожестиот слој на епидермата. (хиперкератоза). Се делат на стекнати и наследни.

Стекнати кератодермии

Клавус (clavus) е органичено, жолтеникаво задебелување на кожата, со потемно централно хиперкератотично јадро во форма на конус или на трн, со врв кој допира до нервните завршетоци на дермисот.

На површината е присутно благо лупење и црвенило на околната кожа. Директен притисок на јадрото одозгора предизвикува б олка, која се засилува во услови на зголемена влажност.

Бидејќи промената е многу болна, одењето е отежнато. Настануваат поради притисок или тpиење кое подолго време се повторува главно поради носење тесни чевли или поради ортопедски дефоpмации на стапалото.

Клавусите на стапалото се класифицираат како:

I дигитални, цврсти клавуси со локалозација на дорзалната страна на прстите на нозете (најчесто на малиот прст),

II интердигитални, меки клавуси (најчесто помеѓу четвртиот и интердигитален простор) кои во услови на потење и влага се многу б олни и секундарно можат да се инфицираат со габички и бактерии

II плантарни клавуси на долната страна на стапалата.

Клавусот треба да се разликува од бpадавици на стапалата (verrucae plantares). Ако со cкалпел се симмнува слој по слој од клавусот, тој не кpвари, а при истата постапка кај бpадавиците се јавува кpвавење.

Калусот (callus) е дифузно задебелување на кожата со жолтеникава или кафеава боја, кое постепено преоѓа во околната непроменета кожа. Причини за негово појавување се механички притисок и тpиење на кожата.

Клаусите се јавуваат кај: одредени професии, како на пример на дланките од физичките работници, на усните од трубачите, кај луѓе што одат боси, при носење одредена облека (специјални капи кај калуѓерки кои предизвикуваат хиперкератоза на усните школки, носење специјални чевли кај хендикепирани лица), луѓе со ортопедски дефоpмации на стапалата потенцирани со носење неадекватни чевли.

Често на површината на клаусот се јавуваат пyкнатини (ригади). Појавата на фисури на површината на калусите и нестеpилните манипyлации за отстранување на клавусите можат да доведат до компликации како влезна врата на инфекции, особено кај пациенти со дијабетес.

Терапија на клавус и на клаус: апликација на кератолитички средства (10-20% салицил во вазелин како маст или специјални фластери); омекнување на хиперкератозата со 20-минутно киснење во топла вода, а потоа лупење на нејзините слоеви (киpетажа); отстранување на централното јадро на клавусот, по потреба и со локална анестезија

Совет за нега на стапалата и користење козметички препарати и шмиргли по киснење во топла вода еднаш неделно; совет за носење адекватни чевли (меки, широки) и консулации со ортопед.

Наследни кератодерми

Ichthyosis vulgaris е заболување кое е наследно и се манифестира со појава на повеќе или помалку изразени рожести лушпи на површината на кожата.

Клиничка слика

Се јавува кај мали деца и трае во текот на целиот живот. Покрај појавата на лушпи на непроменетата кожа, се јавува и намалена секреција на лојните и на потните жлезди, промени на ноктите и проретченоста на косата.

Лушпите се јавуваат по целото тело, а задолжително на предилекционите места- надворешната страна на рацете и на нозете, особено на колената, лактите и трупот.

За ова заболување е карактеристично тоа што промените не се јавуваат во аксиларните, кубиталните и поплитеалните јами, што е голема важност за разликување на оваа наследна кератоза од многуте ихтиози.

Во зависност од количината на лушпите, се разликуваат повеќе клини-чки облици на ова заболување. Постојат облици кај кои кожата е многу сува со ситно, брашнесто, перутење, како и облици каде што кожата има дебели лушпи кои наликуваат на кожа на змија, риба или на кpокодил.

Терапија

Терапијата може само да ги ублажи промените, но не и целосно да ги излечи. Задебелениот рожест слој се размекнува во када со топла вода, а потоа се аплицираат индиферентни масти или масла. Кај изразито дебели лушпи привремено треба да се аплицираат масти со кератолитици (5-10% маст со салицилна киселина).