Сите знаеме дека храната што ја консумираме секојдневно содржи високо ниво на разни хранливи материи и придонесува за нашето здравје. Затоа ја јадеме, зар не? Некои од здравите намирници имаат лековити својства кога се консумираат. Некои, пак, имаат лековити својства и кога ќе се нанесат директно на кожата.
Дали знаевте дека една од најдобрите намирници што се нанесува на кожата во вид на облога, е зелката?
Верувале или не, облозите од зелка се често употребувани во природната медицина, бидејќи се исклучително ефикасни! Откријте ги шесте внатрешни и надворешни начини на кои можете да ја користите зелката за да го излекувате вашето тело на неверојатен начин.
Внатрешна употреба
Само додадете зелка во омилената супа или варете ја заедно со зеленчукот и можете да ги искористите нејзините неверојатни лековити својства.
Дијабетес
Зелката има моќни антихипергликемични својства, што значи дека овој многу здрав зеленчук има моќ да го намалува нивото на шеќер во крвта и да го контролира дијабетесот. Овие ефекти може да се постигнат со конзумирање на мала количина варена или сирова зелка со секој оброк или со конзумирање на сок од зелка двапати на ден.
Срцева болест
Зелката исто така содржи тоцијанин, полифенол растворлив во вода кој го намалува воспалението и ги зајакнува капиларите, спречува формирање на тромбоцити и го олеснува ослободувањето на азотен оксид. На овој начин, зелката всушност спречува срцеви заболувања и срцев удар. Поради оваа причина, треба да консумирате најмалку две лажици варена зелка или чаша сок од зелка, дневно.
Проблеми со варењето на храната
Зелката содржи високо ниво на калиум што го балансира нивото на течност во организмот. Исто така, содржи многу витамин Ц и антиоксиданти кои ги штитат клетките од токсини, како и витамини Е и К, сулфур, бета-каротен, калиум, магнезиум, калциум
Медицинските експерти тврдат дека консумирањето варена зелка може да помогне во лекување на дијареја, чир на желудник и запек. Од друга страна, ферментираната зелка (кисела зелка) може да се користи за лекување на синдром на нервозно дебело црево, воспалително заболување на цревата и инфективна дијареја.
Надворешна употреба
Можеби звучи чудно, но е вистинито – нанесувањето зелка на раните навистина може да помогне во нивно побрзо лекување. Ова е она што треба да го знаете:
Сраснати нокти на нозете
Многу луѓе користат зелка за да го отстранат гнојот од сраснатите нокти и да спречат инфекција. Само треба да завиткате неколку листови зелка околу тој прст и да ги зацврстите со завој. Потоа покријте го завојот со чорап и оставете го да делува преку ноќ. Отстранете го завојот наутро и повторете ја постапката следната вечер. Откако ќе го отстраните завојот утрото, натопете ја ногата во раствор од магнезиум сулфат. Исто така, се препорачува нежно да ја истругате површината на ноктот со турпија, бидејќи на тој начин, ноктот природно ќе расте нагоре, и ќе се извлече од кожата.
Ја ублажува болката
Црвената зелка содржи многу антиоксиданти и други антиинфламаторни соединенија. Овие соединенија работат заедно за да го намалат оксидативниот стрес и да спречат појава на неколку воспалителни фактори. Кога се нанесува директно на кожата, зелката може да го забрза заздравувањето на раните. Сè што треба да направите е да ги измиете и исушите лисјата од зелка, да ги нанесете лисјата на раната, да ги зацврстите со завој и да ги оставите да делуваат преку ноќ. Ако е можно, извадете го завојот наутро и направете нова облога што ќе ја носите во текот на денот.
Артритис
Дали знаевте дека листовите од зелка се користат со векови за лекување на чиреви, отоци, истегнувања и исчашувања? Дури и денес, некои болници во Швајцарија ги обвиткуваат зглобовите на нивните артритични пациенти со зелка за да им го намалат отокот. Ако сакате да направите облога, само отстранете го тврдиот дел од лисјата, ставете ги рамно помеѓу два слоја пластична фолија и притиснете ги со сукалка (оклагија) за да се ослободи сокот од лисјата. Потоа нанесете ги лисјата директно на кожата и прицврстете ги со завој.