„Организмот сака да бидеме дебели. Имаме милион начини како да ги акумулираме мастите, а ниту еден ефикасен начин како да се ослободиме од нив. Затоа е толку тешко да се држи диета и постојано да сте гладни, незадоволни и деп-pecивни.
Многу малку се зборува за тоа. Природата ја фаворизира дебелината. Имаме докази дека оние кои се дебели во некои случаи се многу повитални“, вели проф. д-р Бранимир Несторовиќ.
Тој наведува дека пред неколку месеци бил објавен научен труд во кој се испитува с-мртноста на пациентите кои биле подложени на опepa-ција и се покажало дека умерено дебелите луѓе умиpaaт двапати помалку по тешката кардиохирургија отколку послабите, „затоа што природата предвидела да бидеме малку подебелки поради терморегулацијата, треба да одржуваме добра тежина.“
„Ако навистина сакате да ги избегнете ш-тетните ефекти од дебелината, тоа е навистина лесно, не внесувајте премногу калории. Неопходно е да се користат квалитетни калории, протеински појадок, што повеќе овошје и зеленчук… а да се држи с-трога ди-ета многу е тешко.
Често сакам да им раскажувам на студентите за книгата на Воки Костица „Како се изе-дов себеси“ каде тој раскажува како ја напишал музиката за филмот „Ко то тамо пјева“. На почетокот лекарите му забраниле да јаде сè – не смееш масно, не смееш вака, не смееш така, и тој со денови седел пред пијаното, и главно свирел пос-мртни маршеви.
На крајот, еден ден, му пук-нал филмот и тој „смач-кал“ цел јагнешки бут со компир, па ја напишал комплетно музиката за филмот“, објаснува докторот.
Според него, гладувањето предизвикува деп-ресија и многу е тешко да се избегнува храната, но постојат алтернативи, а една од наједноставните и најефикасните е хроно диетата.
„А тоа е нормална исхрана во текот на денот, после 6 навечер ништо, само вода, или само незасладен чај. Во последниве години, овој дводневен пост стана многу популарен, а тоа е и нашиот пост во православието.
Дводневниот пост се состои од земање 500 калории двапати неделно. Ако се знае дека на човекот му се потребни приближно 2000 калории за нормално функционирање, тоа е баш елементарно. Овесна каша, малку овошје, двапати неделно.
Најважно е да го избегнете ефектот на глад, кога копнеете по храна, сонувате за храна и одеднаш не можете да издржите, „пу-кате“ и го испразнувате фрижидерот, па се прејадувате“, советува Несторовиќ и додава дека денот кога гла-дувате, вашиот имунитет доживува неверојатна стиму-лација.
„Научно е докажано дека кога ќе изедете нешто, телото ослободува допамин и тоа нè прави среќни. Проблемот со дебелите луѓе е што тие земаат поголеми количини храна што доведува до прекумерна стиму-лација на желудникот, па тогаш сè помалку се лачи допамин и тие мораат да јадат сè повеќе и повеќе за да го доживеат тоа задоволство.
Тој ефект постојано се намалува и тие мораат да јадат сè повеќе и повеќе за да го почувствуваат ефектот на допаминот.
Сè помалку и помалку се произведува допамин во мозокот, а исто така престанува да се лачи и хормонот лептин, т.н. хормон на ситост, и тие веќе немаат чувство на за-доволство после јадењето и повторно се гладни.
Затоа не е лошо да се изеде мала количина на интегрални житарици на крајот од оброкот. Научно е докажано постоењето на хормонот наречен иризин, а токму житариците предизвикуваат синтеза на овој хормон кој го нормализира инсулинот.
Познато е дека ние сме гладни од покаченото ниво на инсулинот. Па така, на крајот од оброкот не е лошо да се испие чаша црно вино и да се изедат малку интегрални житарици, заклучува д-р Несторовиќ.