Видео и рецепт: Валентина Машковиќ

Потребни состојки:

500 г брашно
1,5 лажичка сол
1 лажичка шеќер
25 г квасец
50 мл масло
200 мл вода

Постапка:

Во мало вдлабнување во брашното ставете квасец, шеќер сол, масло и со вода на собна температура замесете мазно тесто, средно меко, кое не се лепи.

Потоа намастете ја работната површина и намастете го тестото во облик на ваљак.

Од него откинете 5 топчиња, а остатокот повторно развлечете го во облик на ваљак, па и него поделете го на пет помали топчиња (Тестото веднаш можете да го поделите на 6 или 7 топчиња, без вториот дел кој е прикажан во видеото како пример за начини на виткање на кифли).

Оставете ги да отстојат 15 минути, а потоа сплескајте ги малку со рака и премачкајте ги со маргарин. Редете ги една преку друга.

Последната кора не се премачкува со маргарин, туку само со масло. Оставете да отстои 10-тина минути. За тоа време може да ги приготвите обичните кифли од помалите топчиња.

Секое топче со оклагија развлечете го во долга овална и тенка кора, па свиткајте ја во обична пекарска кифла. Можете да ги наросите со шеќер за да добиете слатки кифли. Можете да ги засекувате на крајот, во средина или по ваш избор.

Отстојатата кора се расукува со сукало, се наросува со сусам и ленено семе, се превртува и се доразвлекува колку може потенко. Се сече на тенки триаголници кои се виткаат во кифли.

Вака приготвените кифли се редат во плех намастен и обложен со хартија за печење. Потоа секоја кифла премчкајте ја со „лајт” или посен мајонез. Со овој трик кифлите стојат и до три дена без да се исушат. Меки се како памук.

Оставете ги кифлите да отстојат 1-1,5 час на собна температура, бидејќи тестото не е ферментирано, па потребно е да стасуваат.

Откако ќе се удвојат ставете ги во загреана рерна на 200 степени, па откако ќе почнат да се печат намалете веднаш на 180 и печете ги околу 20 минути.

Извадете ги печените кифли и секоја полејте со по една лажица растопен маргарин. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.