Со промените на времето доаѓаат и разните инфекции и воспаленија, како и кашлицата која е симптом при настинки кај децата но и кај возрасните. Морковот е една од нутритивно најбогатите зеленчуци, па така овој сируп сигурно ќе ја олесни вашата кашлица, но и кашлицата на вашето дете.

Иако често го доживуваме како обичен, морковот е крал на зеленчуците – нискокалоричен, а суперхранлив и лековит. Исклучително е богат со каротеноиди кои во организмот се претвораат во активен облик на витаминот А. Исто така е добар извор на витамините Б, Ц и К како и разновидните минерали: калциум, железо, калиум, манган, магнезиум, фосфор…

Поради каротеноидот, односно витаминот А, кој е важен за здравјето на очите, морковот е традиционално познат и како храна за видот, но одличен е и за јакнење на имунитетот, а ја подобрува и работата на цревата. Морковот исто така е мевлем при дишни проблеми – помага при настинки, кашлица, бронхитис, астма…

Сирупот од моркови е традиционален природен лек против кашлица. Ви претставуваме две варијанти на рецепт за сируп кој се препорачува во количина од 3 до 4 лажици на ден за деца, а до 8 лажици за возрасни.

I РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 250 мл свежо исцеден сок од моркови, 2 лажици мед и малку вода по потреба.

Постапка: исцедете го сокот од моркови, а потоа ставете го на оган да зоврие. Штом зоврие исклучете ја ринглата и мешајте го сокот додека да стане млак, а потоа додајте го медот. Промешајте додека медот да се растопи, а потоа сирупот складирајте го стаклено шише и чувајте го во фрижидер.

II РЕЦЕПТ (рецепт на Ирена Здравеска / НМД рецепти) – Потребни состојки: 500 г моркови, 500 мл вода, 5 лажици мед.

Постапка: излупете ги морковите и исечете ги на помали парчиња, па ставете ги во тенџере заедно со 500 мл вода. Варете ги 20-тина минути додека морковот да омекне. Потоа изблендирајте ги додека да добиете каша и додајте пет лажици мед. Промешајте за да се изедначи сирупот и додајте ја водата во која се вареа морковите. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

излупете ги морковите

ЗОШТО МОРКОВОТ Е ДОБРО ДА СЕ ЈАДЕ СЕКОЈ ДЕН

Морковот спаѓа во десетте најздрави зеленчуци во светот. Тој е зеленчук богат со бета-каротен, а освен што е добар за видот, одличен е и за детоксификација на организмот, поради тоа што содржи големи количини влакна и витамин А.

изечкајте ги на тркалца

Портокаловата боја на морковот доаѓа од каротенот, кој во ниту еден зеленчук го нема толку многу. Покрај бета-каротен, морковот изобилува и со други витамини. Тука пред се спаѓаат витамините од Б-групата (Б1, Б2, Б5, Б6) и ПП, Е, Е и Х. А. Интересно е да се наведе дека, за разлика од другиот зеленчук, во 100 г содржи само 6 мг витамин Ц.

прелијте ги со вода и сварете ги кратко додека да омекнат

Еве на кој начин морковот влијае и го подобрува здравјето на кожата, очите, варењето и забите. Кога се работи за варењето, морковот има големо влијание. Го поттикнува производството на плунката и овозможува апсорпција на есенцијални минерали, витамини и ензими кои го подобруваат варењето.

изблендирајте ги со рачен миксер

Со редовно консумирање на свежи моркови може да се спречи појавата на гастритис и на многу други проблеми поврзани со варењето. Морковот е многу богат и со алкални елементи, кои ја прочистуваат и ревитализираат кр-вта, а во исто време помага за постигнување добра рамнотежа на киселините во организмот.

додајте мед

Калиумот е исто така еден од минералите со кои изобилува морковот, а кој помага во оддржување на добра рамнотежа на натриумот, што автоматски влијаее на нивелацијата на кр-вниот притисок. Конзумирајќи моркови, ги неутрализираме бактериите во устата и на тој начин го спречуваме расипувањето на забите.

додајте ја водата во која се вареа морковите

А, како прва помош при исе-ченици и гребаници може да послужат облоги од рендани моркови.  Покрај сето наведено, морковите содржат и фитонутритиент по име фалкаринол, кој го подобрува здравјето на дебелото црево и спречува настанок на рак. Овој зеленчук е одличен за регулирање на шеќерот во кр-вта, бидејќи содржи каротеноиди.

консумирајте по една супена лажица пред секој оброк

Кога станува збор, пак, за здравјето на срцето и кр-вните садови, морковот и тука може да помогне, поради диеталните влакна со кои изобилува има можност да го зголеми добриот, а намали лошиот холестерол и на тој начин да делува превентивно при формирањето кр-вни згрутчувања и да го заштити здравјето на срцето.

по потреба може да консумира и почесто

Хранливи состојки во морковот

Од основните хранливи состојки, морковот содржи најмногу јаглено хидрати (8-9 %) од каде и потекнува неговата голема енергетска вредност: 100 г моркови имаат 176 kJ или 42 kcal.

Покрај тоа, богат е и со минералните состојки: калиум, калциум, јод, цинк, кобалт и пектин (околу 11 мг) и етерични масла, па посебно е препорачлив за децата, поради тоа што го поттикнува физичкиот развој, ги јакне коските и ја зголемува отпорноста од инфекции. Исклучително е значаен во исхраната на трудниците, младите и старите.

сируп од морков

Негова најголема предност во однос на другите зеленчуци е во тоа шро многу лесно се вари, па може да го користат и оние со нарушена функција на желудникот или цревата, а го зголемува и бројот на црвените крвни зрнца.

Лековити својства

Лековитите својства на морковот се бројни. Каротенот делува благопријатно на здравјето на кожата, посебно на сувата, како и на кршењето на ноктите и на косата. Спречува дијареа кај бебиња и мали деца. Ефикасен е при работата на црниот дроб. Каша од варени моркови е одлично средство при дијареа, додека свежиот сок од моркови го отстранува запекот и вишокот желудочна киселина.