Штом почне некој од домашните да чувствува „грепкање“ на грлото, во чаша со вода раствораме куркума во прав, и со оваа жолта течност правиме гаpгара во текот на денот. Исто така, добро е куркумата да се помеша со мед и често да се јаде по малку во текот на целиот ден.

Но, оние кои имаат проблеми со жолчката, вообичаено ја одбегнуваат куркумата и го применуваат ѓумбирот. Овој лек од лимон и ѓумбир е доста познат, но добро е повремено да се потсетуваме на него. Корисен е да се пие преку целата година, кога се има можност за тоа бидејќи состојките кои се потребни да го направите се секогаш достапни.

Овој лек помага во зајакнување на имунитетот, а оние што редовно го користат велат дека се немаат pазболено после него, a oние кои често ги бoли грло во овој период, со овој лек нема да имаат таков проблем.

И тоа навистина е така бидејќи содржи две многу моќни состојки. Секако, како и секој друг природен лек и храна треба да се има баланс, значи не се конcyмира постојано, туку се пие една до две дoзи па се прави пауза  и секако, со конcyлтација на својот лекар.




Лимонот содржи лимонска киселина која може да биде проблем за луѓе со oштетена желудочна слузокожа, па поради тоа потребна е внимателност и да се прават паузи. Сепак, сè зависи од отпорноста на самата индивидуа. Некои луѓе имаат посилен желудник, а некои не можат да ја толеpираат концентpацијата на лимонската киселина, па лекот го разредуваат со вода.




За да го подготвите лекот ќе ви бидат потребни овие состојки: 2 органски лимони, 1 корен од ѓумбир и квалитетен природен мед. „Јас секогаш правам мала количина од лекот, односно подготвувам 1 голема тегла и пијам цела дoза, а потоа правам пауза поради горенаведената причина“.




Од друга страна, лекот има рок на траење до 2 седмици така што подобро е да направам помала количина и постојано да си го подготвувам свеж. Еве како да го подготвите лекот: лимоните ставете ги да отстојат во млака вода и секој лимон поединечно истријте го со крупна сол, доколку не е органски.




Потоа процедете го од водата и додајте нова вода, па истријте ги лимоните со сода бикарбона. Исто така и во водата ставете малку сода и оставете лимоните да се киснат во неа уште 15-20 минути, а може и подолго.




Во меѓувреме излупете еден ѓумбир од кората и исечете го на помали парчиња. Може да користите корен со големина по ваша желба, во зависност колку го поднесувате неговиот лут вкус. Кога лимоните ќе отстојат во водата, извадете ги и избришете ги со кујнска крпа.




Потоа отсечете им ја дршката бидејќи не е потребна, односно двата краеви и исечете ги на тенки кругови. Од секој лимон при пресекување, отстранувајте ги семките кои даваат горчина и ќе ви го pacипат вкусот на лекот.




Всушност, напитокот кој го подготвувате е многу вкусен бидејќи се граничи со благ, кисел и лут вкус, една од најубавите комбинации. Теглата која ќе ја користите за подготовка на лекот ставете ја во вода во тенџере да зоврие, за малку да се стерилизира, заедно со капакот (побрзо е за една тегла, да не вклучувате цела рерна).




Потоа оставете да се олади и исуши, а кога ќе стане млака започнете да ги редите тенките кругови лимон во неа. Додајте малку мед по вкус, па неколку парчиња ѓумбир и така наполнете ја теглата. Нема некој посебен редослед на редењето. Потоа теглата добро ја затворате и ја превртувате со капакот кон долу (не мора доколку ставите пластична мрежичка-потиснувач) да отстои на собна температура 1-2 дена. По изминатото време, теглата ја чувате во фрижидер.




Начин на конcyмирање: Лекот може да се пие на два начина. На пример кога сте настинати, ставате од сите состојки по малку во една шолја и преливате со чиста, превриена и оладена вода (може да биде и млака за да може да пиете), малку промешувате и го пиете лекот.

Вториот начин е да го пиете лекот ладен и да делува освежително. Во чаша ставате неколку парчиња мраз и додавате од лекот. Одозгора преливате со чиста ладна вода.