I РЕЦЕПТ – ЦАРСКА ПИТА проверено добар рецепт. Секогаш кога ќе ја направам веднаш се изедува и ми бараат уште! Рецептот е стар и проверен. Брзо се приготвува и не можете да погрешите. Понекогаш освен состојките наведени во рецепто, може да додадете и што имате во фрижидер, по желба.
Потребни состојки: 4 јајца, 1 чаша јогурт или кисело млеко, 1 чаша масло (од јогурт), 2 чаши брашно (од јогурт), 1 прашок за печиво, сол по потреба, 150 г полномасно сирење, 150 г кашкавал, 150 г шунка, 4-5 кисели краставички и 2-3 црвени пиперки (кисели)
Постапка: Изматете ги јајцата со миксер, доволно долго додека да згуснат. Во пенасто изматените јајца додадете кисело млеко или јогурт, па промешајте со лажица. Потоа постепено додадете го брашното, прашок за печиво и малку сол – ако сирењето не е доволно солено.
Потоа во смесата додадете ги останатите состојки ситно исечкани, а краставичките и пиперките – претходно исцедени. Сето добро измешајте го, а смесата излејте ја и рамномерно распоредете ја во плех со средна величина и печете на 200 степени додека да зарумени. / Coolinarika.com
II РЕЦЕПТ – Шпанска царска пита, толку е вкусна што децата веднаш ја јадат и бараат уште. Рецепт и видео презентација на Домашен готвач – Царска пита. Многу лесна и брза подготовка!
Потребни состојки: 4 белки, 4 жолчки, 350 мл јогурт, 100 мл масло, 1,5 лажичка сол, 150 г брашно, 1/2 прашок за печиво, 150 г палента, 150 г сирење, 3 лажица кисела павлака, 100 г морков, 100 г кисели краставички, 150 г кашкавал, 200 г шунка. За наросување: сусам
Постапка: Морковите сварете ги и исечкајте ги на коцки. Исто така исечкајте ги киселите краставички, шунката и кашкавалот, а сирењето издробете го.
Се матат белките во цврст снег па се додаваат жолчките и заедно се матат со миксер.
Потоа се додава јогуртот, маслото и сол. На крај се додава брашното измешано со прашок за печиво и палента, па се меша со лажица или силиконска шпатула.
Постепено се додаваат останататите состојки: дробено сирење, кисела павлака, моркови, краставички, кашкавал и шунка. Смесата истурете ја во плех или тепсија со средна величина, обложен со хартија и ставете на печење во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.
III РЕЦЕПТ – Пита готова за 20 минути – Само измешајте и испечете. Рецепт и видео презентација на Домашни рецепти. Шпанската пита е одлично предјадење или вечера со чаша јогурт. Некогаш се нарекувала царска пита, а денес тоа е шпанска пита. Ако ја направите и исечете на убави коцки, можете да ја послужите и како предјадење.
Потребни состојки: 5 јајца, 200 мл масло, 200 мл јогурт, 250 г брашно, 1 лажичка сол (10 г ), 1 прашок за печиво (10 г ), 150 г шунка или друго сувомеснато, 100 г кисели краставички и 200 г младо сирење (ако ставате фета, тогаш 150 г и помалку сол во смесата)
Постапка: Ситно исечкајте ја шунката, сирењето и краставичките. 2.Пенасто со жица изматете ги јајцата и додадете сол. Додадете масло и јогурт, а потоа брашно и прашок за печиво.
Соединете ја смесата, па додадете ги сечканата шунка, сирењето и краставичките. Промешаната смеса излејте ја во намастен плех со средна величина и печете во загреана рерна на 200 степени.
Печете помеѓу 30 и 40 минути, во зависност од рерната (во видеото 35 минути). Може да се послужи како топло и како ладно предјадење, појадок или вечера. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.