Home Посно јадење Посна излеана пита (без кори) – брз, евтин и заситен оброк за...

Посна излеана пита (без кори) – брз, евтин и заситен оброк за секој ден

Ако барате брза посна идеја за ручек или појадок, оваа излиена пита од компир е вистинско решение. Се подготвува за само 10 минути, без кори и со состојки што веќе ги имате дома.

Идеална е за семеен оброк, штеди време и буџет, а вкусот е богат и домашен – токму како од пекарница, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🛒 Потребни состојки:

• 3 големи компири
• 5 лажици масло
• 1 главица кромид
• 7 лажици брашно
• 1 лажичка прашок за печиво
• 1 лажица пченичен гриз
• 350 мл вода
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• 1 лажичка мелен црвен пипер
• 1 лажичка сув лук
• 1 лажица сув магдонос

За плехот:
• 2 лажици презла
• малку масло за премачкување
• сусам по желба

👩‍🍳 Постапка:

Во загреано тенџере сипете масло и додајте ситно исечкан кромид. Пропржете додека да омекне.

Додајте компир исечкан на мали коцки, посолете, ставете црн пипер, сув лук, мелен црвен пипер и сув магдонос. Промешајте и динстајте кратко, додека да омекне компирот.

Тргнете го тенџерето од рингла и додајте вода, па постепено додајте брашно и прашок за печиво. Мешајте додека да добиете мазна смеса без грутки.

На крај додајте пченичен гриз и убаво измешајте.

Плех со димензии 22х32 см намастете го со масло и посипете презла. Сипете ја смесата и рамномерно распоредете ја. Одозгора посипете сусам по желба.

Ставете во загреана рерна на 200°C, веднаш намалете на 180°C и печете околу 10 минути. Кога ќе се формира лесна коричка, извадете ја питата, сипете 1–2 лажици масло одозгора и вратете ја да се допече уште околу 25 минути.

Исклучете ја рерната и оставете ја питата уште 5 минути внатре, додека да се стабилизира.

💡 Совети за подобар резултат:

• За покрцкава коричка користете квалитетно ладно цедено масло

• Може да додадете и малку растително млеко за побогата текстура

• Одлично се комбинира со домашен намаз или свежа салата

• Овој рецепт е идеален за оние што бараат брзи и евтини рецепти, посни оброци, домашна пита без кори

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: