Здраво на сите, се надевам дека сите сте добро. Колачот навистина се приготвува за помалку од 10 минути, бидејќи нема готвење ниту печење, а единствени што треба е да се растопи глазурата и целиот колач мора да отстои во фрижидер за да се стегне. За мрсна варијанта користете обично млеко. Рецепт на Бригита Хусиќ.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ: 400 мл кокосово млеко, 280 г кокос, 3 полни лажици мед. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 200 г урми без семки, 200 г мелен бадем. За глазура: 180 г црно посно чоколадо со минимум 60% какао, 20 г кокосово масло. (Оваа количина е за калап со димензии 23х22 см или слично)




ПОСТАПКА: Во поголем сад соединете ги кокосот и кокосовото млеко. Млекото додавајте го постепено за сами да ја оцените потребната густина (мене ми беа потребни 400 мл). Смесата треба да има конзитенција на влажен песок. На почетокот додадов 200 г кокос.




Потоа додајте го медот и повторно промешајте. Можеби ќе ви се чини дека е нешто повлажна смесата од вообичаено, но оставете ја на страна да отстои додека ја приготвувате смесата за основа. Потоа додадов уште 80 г кокос за да ја добијам потребната густина (вкуспно 280 г).




За кората потребно е урмите добро да ги сомелите во некој појак блендер (лепливи се). Мелените урми ставете ги во некој сад, па додајте ги мелените бадеми. Промешајте со лажица или рака додека убаво да се соединат состојките. Смесата треба добро да се изедначи (затоа, најдобро е ако ја измесите со рака).




Земете некој помал или среден калап, мојот е со димензии 32х22 см, но излезе дека е голем, па користите некој сличен или помал од овој, па обложете го со хартија за печење. Истурете ја смесата од урми и бадеми, па формирајте правоаголна кора. Мојата кора излезе со димензии 23х22 см.




Смесата од кокосово брашно и кокосово млеко вкусете ја за да пробате дали е доволно слатка по ваш вкус, па по потреба додајте уште малку мед. Потоа внимателно распоредете ја врз кората од урми и бадеми, па рамномерно притиснете насекаде да се израмни.




Кога ќе ја нанесете и белата кокосова смеса, на крај подгответе ја глазурата. Чоколадото искршете го на коцки и додајте кокосово масло. Загревајте на тивок оган или на пареа, па прелијте одозгора врз колачот. Оставете го да се олади најмалку три часа во фрижидер. Овој колач се сече на коцки. Деатлите погледнете ги во видео презентацијата на Бригита ОВДЕ.